Германија: Се самоуби министер за финансии?


Министерот за финансии на германската покраина Хасен, Томас Шефер, пронајден е мртов покрај железничка пруга, а полицијата претпоставува дека се работи за самоубиство.
Според соопштението од полицијата од Визбаден, лешот на политичарот од редовите на ЦДУ, пронајден е синоќа во Хохајм покрај железничка пруга.
Шефер одтавил и проштално писмо зад себе. во кое, како што тврди „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, ги објаснува причините за самоубиството.
Инаку, Шефер важеше за можен иден наследник на премиерот на Хасен, Фолкеар Буфие по 2023 година.
Буфие соопшти дека е шокиран од веста за смртта на својот колега.
„Особено тој ми требаше во овие тешки времиња. Најголемиот предизвик со кој се соочува нашата земја бара трезвеност и делотворност, а и едното и другото ги имаше Шефер“, нагласи Буфие, додавајќи дека работел деноноќно за да се совлада кризата предизвикана од пандемијата со корона вирус.
Тој смета дека грижата дали ќе ги исполни очекувањата на граѓаните по прашањето на финансиска помош го „сомлеле“ политичарот.
И шефицата на ЦДУ Анагрет Крамп-Каренбауер рече дека е шокирана од веста за смртта на Шефер.