„Аџибадем Систина“ набавила 35.000 тестови


Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набавила нови 35.000 тестови.

-Располагаме со вкупно 50.000 тестови со што помагаме кон стратегијата за масовно тестирање на населението, соопштија од болницата.

До денеска од сите тестирани пациенти во КБ „Аџибадем Систина“ позитивни били резултатите за 11 пациенти. Сите позитивни се пријавени во Институт за јавно здравје, согласно пропишана постапка за понатамошно постапување.