Уште двајца починаа од Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

На клиниката за инфективни болести починаа двајца, соопшти министерот Венко Филипче.

Еден пациент на 91-годинша возраст кој осум дена бил во болница, и пациент на 31-годишна возраст, кој вчера бил ставен на респиратор, но за жал, утрово починал.

Вкупниот број на нови заболени до денеска до 12 часот е 16, со што вкупниот број се искачи на 257.

На Инфективно има тројца нови пациенти од Скопје и од Куманово. Вкупно има 48 луѓе во болницата.

Стабилна е состојбата на сите други, како и на оние кои се на домашно лекување.

За неколку дена седум пациенти ќе може да бидат пуштени дома, затоа што тестовите покажуваат дека се негативни на корона вирусот, но министерот најави дека состојбата со нив ќе се следи.