Пентагон предлага жртвување на воена инфраструктура поради ѕидот


САД- Вршителот на должност шеф на Пентагон, Патрик Шенахан изјави дека на американскиот Конгрес му ја претставил листата на предвидени проекти со буџетот за изградба на воена инфраструктура, кои би можеле да бидат укинати со цел да се помогне финансирањето на изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот …

Пентагон предлага жртвување на воена инфраструктура поради ѕидот Read More »

Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен


На Скопскиот аеродром денеска ќе биде одбележано почнувањето на новите летови од и до германските градови Баден-Баден и Бремен на кои линии ќе лета  нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. На свеченоста се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во државава. Согласно со …

Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен Read More »

Делегација предводена од Заев ќе ги презентира реформите во Брисел


Белгија – Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава токму тој, при што ќе ги презентира достигнувањата на земјава во процесот на реформите, што се спроведуваат на патот кон отпочнување преговори со Европската унија. Петнаесеттиот  Совет за стабилизација и асоцијација меѓу …

Делегација предводена од Заев ќе ги презентира реформите во Брисел Read More »

Џафери на Конференција на Јадранско-јонската иницијатива во Будва


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе учествува на 16. Конференција на претседатели на Парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, која денеска се одржува во Будва, Црна Гора. Во рамките на конференцијата, спикерот Џафери ќе се обрати на тема „Парламентарните тела како значаен ресурс за јакнење на соработката во приоритетните области за државите членки …

Џафери на Конференција на Јадранско-јонската иницијатива во Будва Read More »

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности. Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска. Случајот се наоѓа во доказна постапка и се презентираат материјални докази предложени од СЈО. Досега се презентирани над …

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес би можеле да дојдете до значителна сума на пари, а што секако ќе ве усреќи: финансискиот статус се поправа без поголем напор. Можни проблеми со саканите или со пријателите, кои се со минлива природа. Ако не го добиете она што го сакате на работен план, не очајувајте. Набрзо ќе ја постигнете саканата стабилност. БИК: Месечината …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Средба без договор – Власта и опозицијата не се договорија за СЈО


По петчасовна средба работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не најдоа заеднички јазик за судбината на СЈО. Министерката за правда Рената Дескоска рече  дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал не може да биде прифатено, а исто е неприфатливо и барањето за прекинување на истрагите и обвиненијата. За опозицијата …

Средба без договор – Власта и опозицијата не се договорија за СЈО Read More »

Тимоние: Успешни претседателски избори ќе бидат важни за европскиот пат на земјата


Успешни претседателски избори без манипулации и слободно изразена волја ќе биде многу важна работа. Со тоа ќе се сврти страницата од 27 април и ќе се покаже дека земјата е зрела да забрза по Европскиот пат, изјави денеска во Велес францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. –       Скептицизмот кој би можел да постои не доаѓа од нашите Влади, …

Тимоние: Успешни претседателски избори ќе бидат важни за европскиот пат на земјата Read More »

Пронајдено 16-годишното девојче од Кисела Вода


Полицијата го пронајде 16-годишното девојче од Кисела Вода кое вчера мајка му го пријави дека е исчезнато, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Вечерва, од страна на полициски службеници, е пронајдена 16-годишната О.П. за која нејзината мајка Б.П. (47) вчера во 22 часот во Полициската станица Кисела Вода пријави дека се оддалечила од домот“, соопшти МВР. …

Пронајдено 16-годишното девојче од Кисела Вода Read More »

„Њујорк Тајмс“: Пилотите на Боинг тренирале само со ајпад


Многу пилоти во САД биле обучувани да управуваат со Боинг 737 Макс-8 само со помош на ајпад, лекцијата траела еден час и прочитале само прирачник од 13 страници. Ова го пишува „Њујорк тајмс“ додавајќи дека во прирачникот немало ниту збор за новиот систем за стабилизација, кој најверојатно е причината за последните несреќи во Етиопија и …

„Њујорк Тајмс“: Пилотите на Боинг тренирале само со ајпад Read More »

Меси се врати во репрезентацијата на Аргентина


Капитенот на Барселона, Лео Меси, се приклучи денеска на аргентинската репрезентација во спортскиот камп на Реал Мадрид, Валдебебас. Тој ќе игра за првпат за националната селекција по СП во Русија, на пријателски натпревар против Венецуела на стадионот Атлетико Мадрид. Покрај натпреварот против Венецуела в петок во Мадрид, Аргентина ќе игра против Мароко четири дена подоцна. …

Меси се врати во репрезентацијата на Аргентина Read More »

„Блиц“: Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите


Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите, кои ќе побараат помилување, јави „Блиц“. – Оние кои ќе побараат помилување ќе бидат ослободени, а претседателот нема надлежности во врска со прекршочните постапки, изјавил за „Блиц“ извор близок до Претседателството. Како што пренесува „Блиц“, помилувањето се однесува на сите, освен …

„Блиц“: Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите Read More »

Власта и опозицијата се усогласуваат за идниот статус на СЈО


Во Министерството за правда во тек е првата средба на која власта и опозицијата ги усогласуваат ставовите околу предлог законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство, кој е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија. Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска пред средбата во изјава …

Власта и опозицијата се усогласуваат за идниот статус на СЈО Read More »

Русија ќе распореди бомбардери Тупољев на Крим


Русија одлучи да распореди стратешки бомбардери Тупољев (Ту-22М3) на полуостровот Крим како одговор на американското поставување на систем за ракетна одбрана во Романија. – Русија планира да постави бомбардери, кој можат да носат нуклеарни бомби, во воздухопловната база Гвардескоје на Крим, изјави шефот на Одборот за одбрана и безбедност на Горниот дом на рускиот Парламент, …

Русија ќе распореди бомбардери Тупољев на Крим Read More »

Почетино: Само Барселона е фаворит за освојување на ЛШ


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, рече дека само Барселона може да биде фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Лондонскиот тим ќе се бори во 1/2-финалето со Манчестер Сити и Каталонците можат да бидат само нивни соперник во финалето. -Ако има фаворит во Лигата на шампионите, тоа е Барселона. Барса има одлични фудбалери, неверојатни, како …

Почетино: Само Барселона е фаворит за освојување на ЛШ Read More »

Пожарот кај Скопска Црна Гора се уште активен, гори ниска мешана шума


Пожарот на Скопска Црна Гора што избувна денеска околу 13 часот се уште е активен. Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Поради силен ветер пожарот се шири од кумановска кон скопска страна и вечерва е видлив од Скопје. Противпожарните екипи се на терен, а во текот на денот беше интервенирано и …

Пожарот кај Скопска Црна Гора се уште активен, гори ниска мешана шума Read More »

Голем шумски пожар над Струшко Делогожда


Голема површина ниско стеблеста шума гори на планината Караорман над струшкото село Делогожда. Територијалната против-пожарна единица, како што информира заменик командирот Ристе Талевски, не може да интервенира поради непристапноста на теренот. -Теренот е непристапен. Многу е стрмно и високо. Побаравме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да ги пушти авионите за дејствуваат од воздух, …

Голем шумски пожар над Струшко Делогожда Read More »

СДСМ: Иванов да одговори со кои пари син му купил станови


Партискиот послушник Ѓорге Иванов, како и во изминатите години, и денеска молчи. Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори со кои пари син му купил два стана на најатрактивна локација во Скопје кога не е вработен, велат од СДСМ. „Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени …

СДСМ: Иванов да одговори со кои пари син му купил станови Read More »

Напаѓачот од Утрехт уапсен во Холандија


Холандската полиција соопшти дека го уапси осомничениот напаѓач од Утрехт. Претходно, турската новинска агенција Анадолија објави дека осомничениот за нападот во Утрехт, Ѓокмен Таниш пукал во роднина поради семејни несогласувања, а потоа отворил оган и врз лицата кои се обиделе да му помогнат на нападнатиот. При вооружениот напад во трамвај загинаа три лица, а деветмина се …

Напаѓачот од Утрехт уапсен во Холандија Read More »