СДСМ: Иванов да одговори со кои пари син му купил станови


Партискиот послушник Ѓорге Иванов, како и во изминатите години, и денеска молчи.
Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори со кои пари син му купил два стана на најатрактивна локација во Скопје кога не е вработен, велат од СДСМ.

„Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови? И со кои пари ги купиле становите бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?“ прашуваат од владејачката партија.