Русија ќе распореди бомбардери Тупољев на Крим


Русија одлучи да распореди стратешки бомбардери Тупољев (Ту-22М3) на полуостровот Крим како одговор на американското поставување на систем за ракетна одбрана во Романија.

– Русија планира да постави бомбардери, кој можат да носат нуклеарни бомби, во воздухопловната база Гвардескоје на Крим, изјави шефот на Одборот за одбрана и безбедност на Горниот дом на рускиот Парламент, Виктор Бондарев.

Русија го анектира Крим во 2014 година, а рускиот претседател Владимир Путин денеска беше на Полуостровот по повод петгодишнината од анексијата.