Џафери на Конференција на Јадранско-јонската иницијатива во Будва


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе учествува на 16. Конференција на претседатели на Парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, која денеска се одржува во Будва, Црна Гора.

Во рамките на конференцијата, спикерот Џафери ќе се обрати на тема „Парламентарните тела како значаен ресурс за јакнење на соработката во приоритетните области за државите членки на Јадранско – јонската иницијатива”, а предвидено е да оствари и билатерални средби со своите колеги од регионот, соопштија од собраниската прес-служба.