Вардар во Загреб прави подлога за Скопје
Европската ракометна федерација го прогласи вечерашниот меч од Лигата на шампионите меѓу Загреб и Вардар (20.30 часот) за натпревар на неделата, очекувајќи дека дуелот меѓу старите ривали ќе биде највозбудлив во осминафиналната пресметка. Традицијата на двата тима, кои во минатото беа и европски шампиони, исполнетата Арена што има капацитет од 15.200 места, како и квалитетот …