„Анима мунди“ бара да запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк

Од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ бараат итно да  запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк, за кое велат дека се спроведува нестручно и насилно, а со тоа се уништува животната средина.

– Во денови кога се чистат езерцата во Градскиот парк во град Скопје, трапаво, без елементарно знаење и чувство се уништува животното подрачје на бројни растенија и животни, се врши ликвидација на езерскиот разновиден жив свет, убиваат илјадници школки, рептили (скопскиот гекон), речни змии, жаби, тритони, алги…, реагираат од „Анима мунди“.

Оттаму посочуваат дека се уништува богат и разновиден природен амбиент што е живеалиште на повеќе од 90 видови птици.