(ВИДЕО) Свештеник избоден за време на миса, напаѓачот уапсен


Католички свештеник беше прободен пред десетици верници за време на вчерашната утринската миса во црквата „Свети Јосип“ во Монтреал, Канада.

Во полицискиот извештај се наведува дека нападнатиот свештеник Клод Гро претрпел помали повреди на горниот дел од телото и бил однесен во болница.

Напаѓачот се затрча кон свештеникот за време на мисата приоаѓајќи му од зад грб и го нападна со остар предмет, а целиот настан беше снимен од надзорна камера, соопшти полицијата.

Напаѓачот е уапсен и треба да биде сослушан, а засега не се познати мотивите за овој напад.