Пендаровски во кампања со слоган „Заедно напред“


„Заедно напред“ е слоганот со кој кандидатот на владеачкото коалициско мнозинство за претседател на Македонија  Стево Пендаровски ќе бара поддршка од граѓаните за изборите на 21 април, одлучил Централниот изборен штаб на СДСМ.

Слоганот, како што велат од СДСМ, ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.

На проширената средба на Централниот изборен штаб, премиерот Зоран Заев побарал ангажман од сите во партијата за одржување на кристално чисти избори.