Европските лидери ќе се заколнат денеска: Без поделби на ЕУ на исток и запад


Романија– На неформалната средба во романскиот град Сиби шефовите на влади или држави од 27-те држави кои остануваат во ЕУ по предвидениот Брегзит, денеска ќе усвојат текст со 10 заклетви. Според нацрт-декларацијата, во која имал увид весникот „Вечерњи лист“, која се очекува денеска да биде усвоена, лидерите на 27-те држави-членки се обврзуваат дека ќе останат …

Европските лидери ќе се заколнат денеска: Без поделби на ЕУ на исток и запад Read More »

Скопјанец почина во сообраќајката кај Крива Паланка


Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат А2, Куманово- Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир, почина шеесет и петгодишниот С.С. од Скопје, кој управувал со патничкото моторно возило. Според официјалните информации од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. шеесет и …

Скопјанец почина во сообраќајката кај Крива Паланка Read More »

Шест ленти од Унгарија до Македонија? Се отвора автопатот низ Грделичката клисура


Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека автопатот низ Грделичката клисура на Коридорот 10 ќе биде отворен на 15 мај. „Мислам дека го договоривме за 15 мај отворањето на автопатот. Значи, останаа уште шест дена, па луѓето ќе можат да се возат по автопат до границата со Северна Македонија“, рече синоќа Вучиќ пред новинарите во …

Шест ленти од Унгарија до Македонија? Се отвора автопатот низ Грделичката клисура Read More »

В сабота авионска дезинсекција против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.05.2019 година (сабота), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат …

В сабота авионска дезинсекција против комарци Read More »

Дрон го блокира Меѓународниот аеродром во Франкфурт


Германија – Меѓународниот аеродром во Франкфурт еден час запре со работа поради дрон, соопшти германската полиција. Портпаролот на аеродромот соопшти дека аеродромот бил блокиран од седум часот и 20 минути до осум часот и 20 минути додека федералната полиција со хеликоптер го барала дронот и неговиот оператор. Полицијата продолжува да го истражува инцидентот.

Тевдовски: Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар


Европската банка за обнова и развој ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, односно првата делница Кичево-Букојчани. Ова го најави министерот за фианнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево. -На Годишните состаноци на ЕБОР имавме прилика да зборуваме за тековната, …

Тевдовски: Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар Read More »

Уапсен вториот човек на опозицијата во Венецуела


Силите за безбедност на Венецуела го уапсија вториот човек на опозицискиот „конгрес“ Едгар Самбрано, по минатонеделниот неуспешен обид за воен удар. Владата на Венецуела го прогласи Самбрано и уште осум припадници на опозициското движење за предавство на татковината и за поттикнување на бунт поради нивната улога во минатонеделните немири. Врховниот суд на Венецуела вчера побара …

Уапсен вториот човек на опозицијата во Венецуела Read More »

(Фото) Книги по цена од 50 денари на годинешниот Саем на книгата


Книги за сите возрасти, од секаков жанр, може да се најдат на Саемот на книгата што беше отворен вчера во ВИП Арена „Борис Трајковски“, а ќе трае до 14 мај. Учествуваат околу 70 издавачи, а посетителите ќе може да купат книги со саемски попуст. Понудата е разновидна – од белетристика до научни и стручни книги, …

(Фото) Книги по цена од 50 денари на годинешниот Саем на книгата Read More »

Ферер ја заврши кариерата по 1.111 одиграни мечеви


Шпанија – Шпанскиот тенисер Давид Ферер ја заврши својата кариера. Тој синоќа во второто коло на АТП турнирот во Мадрид загуби од Германецот Александар Зверев со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1. Триесет и седумгодишниот Шпанец претходно изјави дека турнирот во неговата татковина ќе биде последен за него. Ферер за 20-годишната кариера освои 27 трофеи во …

Ферер ја заврши кариерата по 1.111 одиграни мечеви Read More »

Гинекологија Чаир сè уште чади


Министерството за здравство сè уште ги чека неопходните документи од институциите и објавата на Државната изборна комисија дека се завршени изборите, за веќе од следната недела да го објави тендерот за промена на системот на затоплување во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Системот на затоплување во болницата е на мазут, …

Гинекологија Чаир сè уште чади Read More »

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се закити со уште две награди


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска освои две награди на Деа Филмски Фестивал во Тирана што се одржа од 2 до 8 мај.  „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната награда за најдобар филм, а Зорица Нушева за улогата на Петрунија е прогласена за најдобра актерка. Наградите ги додели петчленото …

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се закити со уште две награди Read More »

„Спортс илустрејтед“: Тајра Бенкс на 45 години позира во бикини


САД- Манекенката и водителка Тајра Бенкс и во петтата деценија е секс-симбол. Ја краси насловницата на престижниот магазин „Спортс илустрејтед“ за 2019, кој е познат по едиторијалите со костими за капење. Бенкс (45) е првата црномурна убавица на насловницата по 1997 година. Изданието има уште две насловници: со спортистката Алекс Морган и манекенката Камил Костек. …

„Спортс илустрејтед“: Тајра Бенкс на 45 години позира во бикини Read More »

Првата средба на бизнис заедниците од Грција и Северна Македонија за трговските ознаки на 15 и 16 мај во Атина


Во среда и четврток, на 15 и 16 мај во Атина започнува дијалогот меѓу бизнис заедниците од Северна Македонија и Грција за трговските ознаки согласно предвиденото со Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос од 44-то Годишно собрание на Здружението на грчки …

Првата средба на бизнис заедниците од Грција и Северна Македонија за трговските ознаки на 15 и 16 мај во Атина Read More »

Муслиу: Дијалогот без Тачи е како Барселона без Меси


Пратеничката во косовското Собрание од редовите на Демократската партија на Косово (ПДК), Ганимете Муслиу смета дека тимот за перговори со Србија без претседателот Хашим Тачи е исто што и фудбалскиот тим Барселона без својот најдобар играч Лео Меси, јави дописникот на МИА од Приштина. – Јас сум сосема убедена: да се отстрани претседателот на Косово …

Муслиу: Дијалогот без Тачи е како Барселона без Меси Read More »

(Во живо) Парада на победата во Москва: Ден за годрост


На Црвениот плоштад во Москва, Русија, се одржува воена парада по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна. Со отчукување на Спаската кула на Црвениот плоштад почна по 74-ти пат парадата. Смотрата на сите единици ја изврши министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој потоа го предаде рапортот на претседателот Владимир Путин. Путин …

(Во живо) Парада на победата во Москва: Ден за годрост Read More »

МНР ќе поднесе жалби до Советот за етика во медиумите поради навредливи текстови за Димитров


Министерството за надворешни работи ќе поднесе жалби до Советот за етика во медиумите поради текстови со наслов: „Никола Димитров во јуни “си бега“ од земјата на која ѝ го смени името објавени на неколку портали. -Слободното, непристрасно и објективно медиумско известување претставува еден од клучните столбови на секое демократско општество. Според член 16 од нашиот …

МНР ќе поднесе жалби до Советот за етика во медиумите поради навредливи текстови за Димитров Read More »

Четири години од „Диво насеље“


Денеска се навршуваат четири година од оружената пресметка во кумановското „Диво насеље“, што траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи,  додека четириесетина беа тешко повредени. Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои …

Четири години од „Диво насеље“ Read More »

Никола Димитров: Не заминувам, ми се прави хајка


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ги демантира последните шпекулации дека си заминува од функцијата и својата професионална кариера ќе ја продолжи како советник и аналитичар во влијателниот Институтот „Брукингс“ во Вашингтон, близок до Демократската партија, наводно, наводно за сочна плата меѓу 12 и 14 илјади долари. Вели дека му се прави хајка. Информациите беа …

Никола Димитров: Не заминувам, ми се прави хајка Read More »

Синот на Трамп повикан да сведочи пред сенатската Комисија за разузнавање


САД – Комисијата за разузнавање при американскиот Сенат го повика на сведочење Доналд Трамп помладиот, еден од синовите на американскиот претседател, за да одговори на прашањата за своите контакти со Русија, тврдат два извори од Конгресот. Како што пренесува Хина, Комисијата сака Трамп помладиот да го праша за сведочењето пред правосудната сенатска комисија во септември 2017 …

Синот на Трамп повикан да сведочи пред сенатската Комисија за разузнавање Read More »

Ќе има ли и нова трампа на ресори во Владата?


Рената Тренеска-Дескоска или ќе остане министерка за правда или ќе се врати како професорка на Првниот факултет. Таа вчера отсечно отфрли можност за нејзина повторна ротација во  рамки на Владата, односно враќање на чело на Министерството за образование, откако премиерот Зоран Заев најави потемелни кадровски промени по завршувањето на претседателските избори. – Нема да се …

Ќе има ли и нова трампа на ресори во Владата? Read More »