Шест ленти од Унгарија до Македонија? Се отвора автопатот низ Грделичката клисура


Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека автопатот низ Грделичката клисура на Коридорот 10 ќе биде отворен на 15 мај.
„Мислам дека го договоривме за 15 мај отворањето на автопатот. Значи, останаа уште шест дена, па луѓето ќе можат да се возат по автопат до границата со Северна Македонија“, рече синоќа Вучиќ пред новинарите во Тирана.
Како што додаде веднаш потоа ќе биде поставен камен-темелник за делницата на автопатот Чачак-Пожега на Коридорот 11, а веднаш потоа ќе биде отворена и делницата Обреновац-Чачак, како и автопатот Ниш-Димитровград-Градина.
„Многу имаме да покажеме што направивме изминативе месеци и години, и мислам дека луѓето ќе бидат позадоволни“, рече Вучиќ.