(Во живо) Парада на победата во Москва: Ден за годрост


На Црвениот плоштад во Москва, Русија, се одржува воена парада по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.
Со отчукување на Спаската кула на Црвениот плоштад почна по 74-ти пат парадата. Смотрата на сите единици ја изврши министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој потоа го предаде рапортот на претседателот Владимир Путин.
Путин одржа говор и со традиционалните извици: „Ура, ура, ура!“, го означи почетокот на воената парада.

Претседателот Путин го честита Денит на победата, ден, како што рече на нашата гордост, тага и безгранична благодарност на заштитниците на татковината кои го уништија нацизмот.
„Тие војуваа, се трудеа, поминаа надчовечки искушенија и стоеја на страшно месо во борбата коха требаше. Дадоа сѐ што е потребно и ја добија таа победа“, порача Путин на почетокот на традиционалната воена парада, која секоја година се одржува на Црвениот плоштад во москва.
На овогодинешната парада учествуваат 13.000 војници, повеќе од 130 парчиња најмодерно вооружување. Ќе бидат прикажани 74 напредни летала, меќу кои и две беспилотни – авион и хеликоптер.
Цела година наназад се вежбаше за оваа парада.
Парадите на победата во москва се одржувааѕ по истиот модел како првата парада која е одржана во 1945 гоина, по само еден месец откако Германија капитулира.
Со парадата , која е најголем настан на Црвениот плоштад, прославена е капитулацијата на Германија. На неа учествувале 40.000 војници, 1.850 воени оружја и траела два часа.
Парадата е одржана по наредба на Сталин.