Претставници од НВО ја поздравија одлуката за крај на „десоросоизацијата“


Претставници на  граѓанските организации кои беа опфатени со процесот на „десоросоизација“ на кој во 2016 година повика Никола Груевски, денеска го поздравија позитивно мислење на Владата и автентичното толкување на законот од страна на Собранието, со кое се појаснува дека НВО не треба да плаќаат дополнителни средства во буџетот за активности кои се нивна основна дејност. …

Претставници од НВО ја поздравија одлуката за крај на „десоросоизацијата“ Read More »

Шекеринска: СЈО мора да работи


Институциите кои се бореа со криминалот и со корупцијата мора да добијат мандат да продолжат тоа да го прават, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска во врска со преговорите со опозицијата за статусот на Специјалното јавно обвинителство. -Во првите денови СЈО можеби беше само симбол, сега тоа мора да продолжи да биде …

Шекеринска: СЈО мора да работи Read More »

Можни кадровски промени во Владата и институциите по инаугурацијата на претседателот


Од инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски, Владата веќе нема обврска, а ниту другите институции да се придржуваат до правилото дека не се возможни никакви кадровски поместувања, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавената  „метла” од страна на премиерот Зоран Заев, која ќе зафати дел …

Можни кадровски промени во Владата и институциите по инаугурацијата на претседателот Read More »

Шекеринска: Нема дополнителен данок за невладините, „десоросоизацијата“ заврши


– Нашата држава заслужува да биде демократска и да има јасен и гласен граѓански сектор кој нема да се плаши од Владата, изјави вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска пред Владата. Потсети дека кон крајот на 2016 година, веднаш по парламентарните избори, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во еден долг ноќен говор …

Шекеринска: Нема дополнителен данок за невладините, „десоросоизацијата“ заврши Read More »

Земјотрес во Ирак со јачина од 5,3 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала погоди област на 70 километри од ирачкиот град Сулејманија, пренесе Геолошкиот институт на САД. Според Ројтерс, до потресот дошло во пограничната област на Ирак, десет километри под површината на земјата. Се наведува дека нема повредени, како и дека не е причинета позначителна материјална штета.

Притвор за осомничениот работник за убиството на Холанѓанецот


Триесет дена притвор доби С.Р (49) од тетовско Јанчиште, осомничен за убиство на Холанѓанецот Јос. М (59), сопственик на расадникот „Еуроплантс“ во тетовско Прељубиште, информираат од СВР Тетово. По вчерашниот настан, С.Р. кој би вработен во расадникот бил лишен од слобода, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до …

Притвор за осомничениот работник за убиството на Холанѓанецот Read More »

Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон


Кралицата на поп музиката Мадона, и покрај згрозеноста на јавноста од неодамнешниот документарец, кој повторно поттикна обвинувања за сексуално злоставување на деца против Мајкл Џексон, изјави дека сите се невини додека не им се докаже вината. Таа за британското списание „Вог“ го даде своето мислење за документарецот на НВО, „Напуштајќи го Неверленд“. Во филмот на …

Мадона не верува по секоја цена во обвинувањата против Мајкл Џексон Read More »

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент


Непознати напаѓачи ја убиле денеска во Кабул поранешната новинарка и актуелна советничка за култура во авганистанскиот Парламент Мена Мангал, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими. Тој истакна дека Мангал била убиена додека одела на работа, а напаѓачите побегнале од местото на злосторството. Полицијата веднаш започнала истрага, а засега никој нема преземено одговорност …

Убиена советничката за култура во авганистанскиот Парламент Read More »

Заради невремето во наредните денови се препорачува чистење на каналите


Во наредните денови времето ќе биде облачно и нестабилно, со врнежи, грмежи и силен ветер, информира Управата за хидрометеролошки работи. „Утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови …

Заради невремето во наредните денови се препорачува чистење на каналите Read More »

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри откри дека наредната недела ќе има средба со претседателот на клубот, Андреа Ањели, на која двајцата ќе дискутираат за иднината. Во последните денови медиумите во Италија тврдат дека тренерот е пред разделба со клубот. Алегри сепак негираше дека подготвува заминување. Тој е амбициозен да продолжи да го води гигантот од …

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“ Read More »

Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Ново Село


Управниот суд во Скопје денеска одржа јавна седница по поднесената тужба од ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на одбиениот приговор од Државната изборна комисија за гласачкото место 1789 во Ново Село. Одлуката дополнително ќе биде објавена на сајтот Управниот суд. Подносителот на тужбата ВМРО-ДПМНЕ бара да се поништи гласањето на избирачкото место број 1789 во постапката …

Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Ново Село Read More »

Утре во Скопје на инаугурацијата на Пендаровски доаѓаат Вучиќ, Тачи и Катроугалос


Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат. На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство. Пријавено присуство на инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен …

Утре во Скопје на инаугурацијата на Пендаровски доаѓаат Вучиќ, Тачи и Катроугалос Read More »

Пендаровски: Со овие избори покажавме дека земјава може да се однесува европски


Новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска од Државната изборна комисија го доби уверението за претседател на државата. Според него, со овие избори, земјава покажала дека може да се однесува европски, а институциите да работат професионално. За потпишување на законите кои не ги потпиша досегашниот претседател Ѓорге Иванов ќе се консултира својот правен …

Пендаровски: Со овие избори покажавме дека земјава може да се однесува европски Read More »

Иванов доби пензија, аболиција не потпиш(ув)а


На два дена пред истекувањето на мандатот, Ѓорге Иванов ги побара бенефициите што му следуваат како поранешен шеф на државата. Веднаш доби позитивен одговор од владината Служба за општи и заеднички работи, со што професорот Иванов (59) нема да се врати на Правниот факултет, туку до крајот на животот ќе користи месечна пензија од 100.000 …

Иванов доби пензија, аболиција не потпиш(ув)а Read More »

Кривична пријава против 14 лица и четири фирми кои вршеле злоупотреби со превозот за ученици


СВР Куманово до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 13 лица лица од Куманово и Скопје, и едно лице од село Режановце кумановско, како и против четири фирми, од кои две од Скопје и две од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела од 2011 до 2017 година. -СВР Куманово до …

Кривична пријава против 14 лица и четири фирми кои вршеле злоупотреби со превозот за ученици Read More »

ДИК му го врачи уверението на Пендаровски за претседател на државата


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница му го врачи уверението на Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија. Претходно, ДИК ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата. Утре Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе …

ДИК му го врачи уверението на Пендаровски за претседател на државата Read More »

Поповски: Оваа Влада обезбеди услови за гласност, не за молк


Оваа Влада обезбеди услови за гласност, а не за молк. Клучот е во рацете на новинарските професионалци, порача  министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на денешната седница на Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Според Поповски, во …

Поповски: Оваа Влада обезбеди услови за гласност, не за молк Read More »

Забрзувањето на евроатлантските интеграции може значително да ги зголеми странските инвестиции


Забрзувањето на процесот на интегрирање во Европската Унија и членството во НАТО може да донесе бројни придобивки за нашата економија. Искуствата на економиите кои веќе минаа низ овој процес покажуваат дека зголемувањето на извесноста за побрзо приклучување во ЕУ е исклучително важен и позитивен сигнал за перспективите на една економија каква што е нашата.  Тие посочуваат …

Забрзувањето на евроатлантските интеграции може значително да ги зголеми странските инвестиции Read More »

ДИК и официјално ја потврди победата на Пендаровски


Државната изборна комисија на денешната седница го усвои заклучокот за објавување на конечни резултати од вториот круг на претседателските избори, според кој за претседател на Република Северна Македонија е избран Стево Пендаровски. Според податоците на ДИК, од вкупно запишаните 1.808.131 избирач, на гласање излегле 843.508 граѓани или 46,65 отсто. Од нив за Пендаровски гласале 435.656 граѓани, …

ДИК и официјално ја потврди победата на Пендаровски Read More »

Интензивно се палат контејнери


Во текот на изминатите три дена, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје забележа интензивна појава на опожарување на садовите за собирање на отпадот. Само на 9.05.2019 година, се опожарени пет контејнери на три микролокации во општината Карпош – две на булеварот Партизански одреди и една на ул. Московска. Во текот на вчерашната ноќ гореа два контејнера кај хотелот Карпош во …

Интензивно се палат контејнери Read More »