Кривична пријава за двајца радовишани за силување


Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против С.А.(19) и Е.Б.(17), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, информираат од СВР Струмица. На 17 овој месец, во близина на Радовиш, пријавените со употреба на сила извршиле обљуба врз 19-годишна девојка од тој град.

Во Прилеп одбележани 62 години од смртта на Методија Андонов – Ченто


Со положување цвеќе денеска во Прилеп, пред споменикот во центарот на градот, беше одбележана 62-годишнината од смртта на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ. Пред споменикот се поклонија делегации на локалната самоуправа, на Сојузот на борците и на политички партии. Според градоначалникот Илија Јованоски, големиот борец, револуционер и државник, Методија Андонов …

Во Прилеп одбележани 62 години од смртта на Методија Андонов – Ченто Read More »

Официјално: Елмас потпиша 5 годишен договор со Наполи


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас и официјално е нов играч на калчолигашот Наполи. За услугите на Елмас, неговиот веќе поранешен клуб Фенербахче ќе добие 16 милиони евра плус бонуси за презентацијата. Тој потпиша договор за 5 години, кој треба да му носи околу 1,5 милиони евра за сезона. На Елмас му посака добредојде и првиот …

Официјално: Елмас потпиша 5 годишен договор со Наполи Read More »

Владата додели 10 милиони денари за уредување на вечното почивалиште на Тоше Проески


Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски денеска во Министерството за култура потпиша договор за изградба на спомен-обележјето на Тоше Проески, за што од Владата се доделени десет милиони денари. Христоски информира дека постапката за имплементација на проектот ќе започне веднаш. – Ние веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен-обележјето и сега по потпишувањето на …

Владата додели 10 милиони денари за уредување на вечното почивалиште на Тоше Проески Read More »

Давид Писонеро: Ми „легна“ Скопје


Скопје му „легна“ на новиот тренер на европскиот ракометен шампион Вардар, Давид Писонеро. Шпанецот на кормилото на „црвено-црните“ со импресии од главниот град за работа, но и за живот, а покрај сериозниот професионален предизвик ќе има и дополнителен – да го научи македонскиот јазик. „Првата возбуда ја имав при влегување во салата која е култно …

Давид Писонеро: Ми „легна“ Скопје Read More »

Конзистентност значи одговорност


АНА ПАВЛОВСКА – ДАНЕВА Пред повеќе години, со другарка ми, пробавме да си ги објасниме причините за масовното иселување од земјава. Причина за ваков разговор беше сè почестото заминување не само на младите туку и на луѓе од нашата генерација, луѓе во средни години, луѓе со израснати деца и со солидни примања. Јас за нив …

Конзистентност значи одговорност Read More »

Carovska: Pagat e punonjësve social janë rritur për 22 për qind


Për 22 për qind paga më të larta kanë marrë të punësuarit punonjës dhe bashkëpunëtorë profesionalë në qendrat për punë sociale, ndërsa në shtator do të marrin paga më të larta edhe për pesë për qind. Në këtë mënyrë, siç deklaroi sot ministrja e Punës dhe Politikës Sociale Milla Carovska, kthehet dinjiteti i punonjësve socialë, …

Carovska: Pagat e punonjësve social janë rritur për 22 për qind Read More »

Болница исплатила милионска отштета на семејството на Нил Армстронг


Болница во Охајо каде што е опериран познатиот астронаут Нил Армстронг постигнала договор со неговото семејство за исплата на шест милиони долари отштета поради постоперативни компликации од кои почина во 2012 година. Со спогодба од 2014 година, според судските документи, парите се распределуваат на десет членови од неговото семејство, но не и на неговата вдовица …

Болница исплатила милионска отштета на семејството на Нил Армстронг Read More »

Филипче: Ќе се смени Законот за здравство за специјалистите да доаѓаат каде треба


Во собраниска процедура е измената во Законот за здравствена заштита со која дозволуваме лекари да може да прават систем на ротации во институции во кои нема регистрирано дејност, што досега беше забрането, изјави министерот за здравство Венко Филипче при денешниот престој во прилепската градска болница „Борка Талески“ каде се донираше санитетско возило од турската агенција …

Филипче: Ќе се смени Законот за здравство за специјалистите да доаѓаат каде треба Read More »

Во Аеродром не остана ни едно заробено дрво


  Град Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром ја продолжуваат акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности. Tимот од Шумарскиот факултет досега прецизно мапираше точно 841 заробено дрво во градот, од кои околу 150 се веќе ослободени. Оваа акција и денеска се одвива во …

Во Аеродром не остана ни едно заробено дрво Read More »

Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ кандидат за наградата „Лукс“


Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, по селекцијата во Берлин и успесите на неколку други филмски фестивали, влегува во трка за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот Парламент. Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е номиниран …

Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ кандидат за наградата „Лукс“ Read More »

Владата со акциски план ќе се бори против дезинформациите и лажните вести


Владата изготви Акциски план за справување со дезинформациите кои, како што изјави денеска премиерот Зоран Заев, стануваат сериозен упад во демократските и изборните процеси и влијаат на довербата на граѓаните во институциите и медиумите. -Дезинформациите се еден од главните предизвици за демократијата во 2019 година и алатка за манипулација со граѓаните. Злоупотребата на технологијата за …

Владата со акциски план ќе се бори против дезинформациите и лажните вести Read More »

Вучиќ: Косово не сака разговори, сака само признавање


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Смедерево изјави дека претставниците на косовските власти се нервозни, дека не сакаат да разговараат, туку сакаат само Србија да го признае Косово. Вучиќ рече дека не може да каже дали Србија има „повеќе симпатии“ во светот во врска со решавањето на косовското прашање, но и дека со претставниците на …

Вучиќ: Косово не сака разговори, сака само признавање Read More »

Владата ќе заседава и денеска. Ќе се пополнуваат ли директорски места ?


Нова седница на владата е закажана за денеска попладне, според информации од „Илинденска“. Седницата не е вообичаен термин, со оглед на тоа што владата вообичаено заседава во вторник, така што вчера се одржа 146.седница на која меѓу другото беше усвоен и новиот предлог-закон за јавното обвинителство. Нема засега информација што е на дневен ред на …

Владата ќе заседава и денеска. Ќе се пополнуваат ли директорски места ? Read More »

Наташа Петровска: Надлежните органи досега не ме контактираа за случајот „Рекет“


Истражните органи досега не ме контактираа во врска со случајот „Рекет“, изјави денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали е вклучена во истражните дејствија на надлежните органи за овој случај. – Во овие околности не сакам да зборувам за постапка и процес што ги водат други органи. Кога ќе бидам запрашана …

Наташа Петровска: Надлежните органи досега не ме контактираа за случајот „Рекет“ Read More »

Нема пријавено случај на рекет или уцена кај членките на СКСЗМ


Во Стопанската комора на северозападна Македонија нема пријавено случај за рекет или уцена, изјави извршниот директор на СКСЗМ Дриљон Исеини. Тој рече дека членките на оваа комора апелираат до медиумите да не се злоупотребуваат имиња во случаи за кои се водат судски постапки. Денеска, претходно, од Сојузот на стопански комори објавија дека кај нив една …

Нема пријавено случај на рекет или уцена кај членките на СКСЗМ Read More »

Околу 30 илјади Турци добиле државјанство во ЕУ во 2017 година


Турција – Во 2017 година во земјите членки на ЕУ државјанство добиле 29.807 турски граѓани, од кои 50,2 отсто добиле државјанство во Германија, јави телевизијата ТРТ. Европската агенција за статистика (Евростат) ги објави податоците за доделување на државјанството од страна на земјите членки на ЕУ. Според овие податоци, во 2017 година државјанство во земји членки на …

Околу 30 илјади Турци добиле државјанство во ЕУ во 2017 година Read More »

(Во живо) Прес-конференција на Зоран Заев


Проследете ја во живо прес-конференцијата во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/698925697226658/?notif_id=1563967212413480&notif_t=live_video

Несогорливите цигари ќе влезат во закон


По 12 години и исто толку измени, тутунарите добија нов Закон за тутун кој според многумина е најдобриот досега и чиј текст е приближен до европското законодавство, а во негова изработка беа вклучени сите засегнати страни во земјава. Во поглед на производството, тој ја подобрува и поедноставува постапката за пријавување на производство на тутун со …

Несогорливите цигари ќе влезат во закон Read More »

Царовска: Платите на социјалните работници зголемени за 22 отсто


За 22 отсто поголеми плати добиле вработените стручни работници и соработници во центрите за социјални работи, а во септември ќе добијат повисока плата за уште пет проценти. На ваков начин, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се враќа достоинството на социјалниот работник, се овозможува негова поголема мотивираност во работата …

Царовска: Платите на социјалните работници зголемени за 22 отсто Read More »