Нема пријавено случај на рекет или уцена кај членките на СКСЗМ


Во Стопанската комора на северозападна Македонија нема пријавено случај за рекет или уцена, изјави извршниот директор на СКСЗМ Дриљон Исеини.

Тој рече дека членките на оваа комора апелираат до медиумите да не се злоупотребуваат имиња во случаи за кои се водат судски постапки.

Денеска, претходно, од Сојузот на стопански комори објавија дека кај нив една членка пријавила случај на рекет.