Основан Македонско – швајцарски бизнис клуб


Зголемување на соработката и на трговската разена преку вмрежување компании, изградба и зајакнување на врски, како и заемна промоција, е целта на Македонско – швајцарски бизнис клуб формиран со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). За претседател на Бизнис клубот е избранa Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија […]

Радев: Поддршката на Северна Македонија не е безусловна


Бугарија треба да ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцијата, но не на сметка на бугарската историја и идентитет, кажал претседателот Румен Радев на средба со бугарските претставници во Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски образовни прашања меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Радев им изразил благодарност на членовите на комисијата за досегашните резултати на […]

На Загреб му се заканува епидемија од сипаници


Се претпоставува дека во Загреб моментно има повеќе непријавени случаи на заболени од сипаници, пишува весникот „Јутарњи лист“, наведувајќи дека на хрватскиот главен град му се заканува епидемија. За само две недели дури седум граѓани на Загреб заболеле од сипаници. Имајќи предвид дека станува збор за високозаразен вирус, ширењето на болеста не би била невообичаена. […]

МОТ денеска со претстави во Велес и во Скопје


Фестивалот Млад отворен театар денеска на програмата ќе има две претстави – во Скопје и во Велес, а ќе организира и предавање со дискусија на Мајк ван Гран од Јужна Африка. Велешкиот театар на матичната сцена вечер од 20 часот ќе ја изведе претставата  „Злосторството на 21 век“ од британскиот автор Едвард Бонд во режија […]

Правилник и санкции за одржливост на ИПА-проектите


Нефункционални информативни табли за културното и историското наследство во Скопје на коишто е напишано дека се поставени со финансиска поддршка од ИПА-програмата на ЕУ неодамна го привлекле вниманието на членот на делегацијата на Европската комисија во државава Јан Маат. Откако ги алармирал надлежните институции, таблите повторно се функционални. Со тој пример европскиот службеник го претстави […]

Ѓорчески: Неверојатни резултати на репрезентацијата со оглед на состојбите во одбојката


Македонската одбојкарска легенда Владимир Ѓорчески-Ципа се радува заедно со целокупната македонска јавност за прикажаните игри и резултатите на репрезентацијата на Европското првенство. Двете историски победи според него се голем успех со оглед дека со години наназад во одбојката во целата држава нема добри состојби. Ѓорчески вели дека мора да се работи на создавање на нови […]

„Велофиеста“ – попладне затворен „Рекорд“


Град Скопје денеска организира „Велофиеста“ – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Оваа велофиеста е дел од активностите на четвртиот ден од „Европската недела на мобилност 2019“, неделата посветена на алтернативните форми на транспорт. Поради одржувањето на „Велофиеста“, улицата „Димитрија Чуповски“ на „Рекорд“ денеска од 18 часот ќе биде затворена […]

„Бомбите“ за „Монструм“ не направија бум: ВМРО и ДУИ ловеле политички поени


Јавноста конечено ги слушна долгонајавуваните „бомби“ за случајот „Монструм“ кои требаше да ја расветлат вистината за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, но не се слушна ништо суштинско во ниту една од нив. Вчера во судницата не се слушнаа ниту мотивите ниту кој стои зад грозоморното убиство, а единствено можеше да се слушнат озборувачките муабети меѓу […]

Во Собранието почнува расправата за ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Северна Македонија од денеска почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот е точка на дневен ред во матичанта собраниска Комисија за финансирање и буџет. Според предлогот вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните […]

Османи во Берлин на среба со Рот


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот. Централна тема на средбата, како што соопшти неговиот кабинет, ќе бидат европските интеграции на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денеска?


ОВЕН: Вашите емоции се нагласени и ќе треба да внимавате да не доживеете фијаско. Како? – можеби се прашувате, а наједноставен начин е бавно да ги селектирате добиените податоци и информации, на тој начин откривајќи што е вредно да остане, а што да си замине од вашиот живот. Ги имате сите потребни алатки и средства […]

(ВИДЕО) ПСЖ го демолираше Реал во Париз, Атлетико спаси бод против Јувентус`


Со вечерашните натпревари се комплетираше првото коло во новата сезона од Лигата на шампионите. Најинтересно беше во Мадрид и Париз каде се одиграа дерби мечевите на вечерта. Во Мадрид Атлетико го пречека тимот на Јувентус во реприза на ланското осминафинале. Атлетико беше далеку подобар противник во првото полувреме, но Жоао Феликс не успеа да искористи […]

Ништо од осминафинале за македонските одбојкари, Турција загуби од Финска


Македонската одбојкарска репрезентација остана без историски пласман во осминафиналето од Европското првенство откако денеска Турција загуби од Финска со 3:2 во сетови. По вечерашниот последен натпревар во нашата група, стана јасно дека во следната фаза одат Русија, Словенија, Турција и Финска, додека нашата селекција извиси, заедно со Белорусија. Финците поведоа во овој натпревар со 1:0 […]

Димитров: ВМРО-ДПМНЕ да помине низ катарза, а не да шири невистини и да создава конфузија


Да не влегуваме во спротивставувања и надмудрувања зашто нема да направиме добро. Добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ е преважно прашање. Го чекавме многу и ќе има големи реперскуии врз државата и граѓаните, му порача министерот Никола Димитров на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во вечерашната дебата на „24 Анализа“. – Да не […]

(ВИДЕО) Олимпијакос губеше со 2:0 и на крајот освои бод против Тотенхем


Олимпијакос и Тотенхем, односно Бриж и Галатасарај ги одиграа првите два меча од денешната програма во Лигата на шампионите. Тотенхем во рамките на групата Б гостуваше во Пиреја кај Олимпијакос и одигра 2:2 што секако не е задоволувачки за неговите навивачи. Гостите од Лондон налетаа на мотивиран и тежок противник, Спарси се мачеа иако имаа […]

Еурофарм Работник испушти убедлива предност, ќе мора да почека за прва победа во ЛШ


Екипата на Еурофарм Работник, претрпе наивен пораз на гостувањето кај младиот состав на Савехоф во Шведска, откако загуби со 24:25 (15:10) во меч од второто коло од ракометната Лига на шампиони. Фармацевтите имаа убедлива предност на полувреме од дури 15:10, но избраниците на Стевче Алушовски не знаеја како да го искористат тоа и да го […]

Беговиќ: Да има обезбедување и видео надзор во сите здравствени установи


Да се воспостави ефикасен систем за заштита на лекарите (физичко обезбедување и видео надзор) во сите здравствени установи, граѓаните да се едуцираат за улогата, влијанието и можноста на докторите, да сфтатат дека тие не се семоќни, а медицинскиот персонал да се потсети на етичкиот кодекс и на Хипократовата заклетва. Ова, како што рече претседателот на […]

ОН испратија експерти во Саудиска Арабија да ги истражат нападите


Експерти на ОН се упатија во Саудиска Арабија за спроведување меѓународна истрага за неодамнешните напади врз нафтени постројки во земјата, изјави вечерва генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. -Експерти на ООН веќе се испратени и ќе работат на случајот, рече Гутереш на прес-конференцијата организирана за одбележување на почетокот на годишната седница на Генералното собрание на […]

Лондон повторно домаќин на финалето на ЛШ во 2023 година


Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, на состанокот во Љубљана следната недела ќе обелодени каде ќе се играат наредните финалиња од машката Лига на шампиони. Според најавите, финалето во 2021 година ќе се игра на „Крестовски“ стадионот во Санкт Петербург, потоа во 2022 година финалето би требало да се игра во Минхен на „Алијанц арената“, а во […]

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“


Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески,  обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува предметот на СЈО  „Талир 2“ пред Кривичен суд. Судење за „Талир 2“  е закажано за утре. Претходното судско рочиште за овој предмет не беше одржано поради отсуство на адвокатите на обвинетите. Во случајот „Талир 2“  обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски […]