Еурофарм Работник испушти убедлива предност, ќе мора да почека за прва победа во ЛШ


Екипата на Еурофарм Работник, претрпе наивен пораз на гостувањето кај младиот состав на Савехоф во Шведска, откако загуби со 24:25 (15:10) во меч од второто коло од ракометната Лига на шампиони.

Фармацевтите имаа убедлива предност на полувреме од дури 15:10, но избраниците на Стевче Алушовски не знаеја како да го искористат тоа и да го докрајчат противникот, па на крајот повторно доживеаја минимален пораз во дебитантската сезона од ЛШ, по стартниот пораз од Спортинг во Битола.

Сето тоа што се градеше во првите 30 минути, тимот на тренерот Стевче Алушевски го прокоцка за само 12 минути, кога Савехоф изедначи, а потоа и дојде во тесно водство, кое го задржа до самиот крај.

Јотиќ со 8 гола беше најефикасен кај Е. Работник. По две кола во ЛШ, „фармацевтите“ имаат два порази. Следниот меч на битолчани во ЛШ е гостувањето кај шпанска Бидасоа на 29 септември.