„Велофиеста“ – попладне затворен „Рекорд“

Град Скопје денеска организира „Велофиеста“ – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Оваа велофиеста е дел од активностите на четвртиот ден од „Европската недела на мобилност 2019“, неделата посветена на алтернативните форми на транспорт. Поради одржувањето на „Велофиеста“, улицата „Димитрија Чуповски“ на „Рекорд“ денеска од 18 часот ќе биде затворена за сообраќај.

– Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје е и здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

ЈСП Скопје од 7.30 – 8.30 часот во нивните автобуси организираат Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.

Во ОУ „Браќа Миладиновци“ од Општина Аеродром и ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ од Општина Кисела Вода од 8.30 -11.30 часот се организира Инфо-ден за запознавање на учениците со целта на Европската недела на мобилност, придобивките од користењето одржлив транспорт, а пред се од возењето велосипед и од пешачењето.

Од 13 – 15 часот, Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) организира работилница со учество на претставници од пет најголеми градови во државата пред кои Град Скопје ќе го презентира својот План за одржлив транспорт, неговата реализација и придобивките.

Републичкиот совет Хотел „Континентал“ 10.30 – 14 часот организира настан на кој претставници од релевантни институции ќе дискутираат за начинот на вклучување на електричните тротинети во сообраќајот во градот:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со почеток во 11 часот, во Хотел „Континентал“ во Скопје организира тркалезна маса на тема: „Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?, каде обраќања на претставник на РСБП, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.