Анализа: Македонскиот БДП во последниве 28 години пораснал за 31 отсто


Република Македонија од 1990 до 2018 година забележала раст на бруто-домашниот производ (БДП) за околу 33 отсто, што во споредба со економиите од регионот е скромен пораст затоа што Турција во истиот тој период има зголемен БДП за 239 отсто, а Словенија, која е втора на листата, за 98 отсто. Босна и Херцеговина бележи негативна […]

Државниот архив на состанок на националните архиви на ЕУ во Хелсинки


Во рамки на 40. средба на Бордот на директори на европските национални архиви на Европската унија, што се одржува во Хелсинки, учествува и Емил Крстески, директор на  македонскиот Државен архив. Северна Македонија учествува на состаникот како земја набљудувач и новиот директор на Државниот архив е единствен претставник од земја која не е членка на ЕУ.  […]

Белгиски Ф-16 се урна во западниот дел на Франција


Француските власти денеска соопштија дека белгиски борбен авион Ф-16 се урнал во западниот дел на Франција и оти еден од пилотите паднал врз далновод. Авионот се урнал вчера, во близина на градот Плувиње. Еден од пилотите бил спасен, а другиот – кој паднал врз далноводот бил извлечен од спасувачките екипи. На подрачјето каде се урна […]

Kостадинов: Дали Камчев е финансиер на кампања на ВМРО-ДПМНЕ?


  Портпаролот и пратеник на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната партиска прес-конференција побара лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да одговори дали Орце Камчев е финанисер на изборна кампања на најголемата опозициска партија во земјава. „Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот „Рекет“? Наместо да шири лажни […]

Македонец фатен со шверц на антички артефакти стари 2500 години


Антички предмети стари околу 2500 години се откриени на граничниот премин Прешево-Табаовце во автомобил управуван од Македонец, соопшти денеска српската Царинска управа. Како што наведува Царината во соопштението, предметите се откриен во вторникот кога дежурен цариник и полицаец на влезот во Србија темелно извршиле проверка на автомобил со италијански регистарски таблички, управуван од 54-годишен македонски […]

Иран ќе им дозволи на жените да гледаат меѓународни фудбалски натпревари


На иранските жени ќе им биде дозволено да одат на стадиони и да ја гледаат машката фудбалска репрезентација, информира денеска министерот за спорт Масуд Солтанифар. – Направени се сите неопходни подготовки за да можат жените, првично само за меѓународни натпревари, да влезат на фудбалските стадиони, истакнува во пишана изјава Солтанифар. На стадионот „Азади“ во Техеран, […]

Пендаровски до Мемети: Да се зголеми независноста во функционирањето на омбудсманот


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими народниот правобранител Иџет Мемети, со кого разговараше за тековните активности на омбудсманот во функција на заштита на правата на граѓаните. Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски ја истакнал важноста на работата на народниот правобранител преку давањето предлози, совети, сугестии во насока на промоција на човековите права, […]

Chances of joining NATO in December have become only theoretical


North Macedonia’s chances of becoming a NATO member at the December summit have been reduced to theoretical after Spanish Prime Minister Pedro Sanchez’s attempt to form a government failed. The ratification of Macedonia’s NATO accession protocol has not been passed in Italy, the UK, the United States, Spain and Iceland, while in the Netherlands the […]

Срце „спартанско“


САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Македонија е бум во европската одбојка. Отпишаните запишаа две победи во дебитантското учество на континенталните шампионати и ги активираа автомобилските сирени, петарди и вувузели во земјата. По поразите од Финска, Турција и од Русија, како феникс се издигнаа од пепелта. Победи срцето „спартанско“, победи мотивот, победи желбата за докажување дека невозможното е […]

Жителите на Лабуништа утре повторно на протест за затворање на каменоломите


Граѓаните на струшкото село Лабуништа за утре најавуват уште еден мирен протест, со барање за затворање на простанатите три каменоломи во атарот на селото. Протестот закажан за од 15 часот го организира еколошкото друштво „Натура Лаб“ од Лабуништа, чии активисти успеаја да го свртат вниманието за проблемот што го имаат жителите на селото од работењето […]

Бр. 512


Петар Арсовски – Пијани кокошки Шансите за членство во НАТО во декември само теоретски ВМРО и ДУИ ловеле политички поени место убијци Заштитете не, или нема да работиме! Роднини на функционери и обвинители вработени во СЈО Никој не крева слушалка кај Иванов и Црвенковски

„Талир 2“ одложен за 15 октомври


Судењето за предметот „Талир 2“ се одложува за 15 октомври со цел да се доуреди полномошното на адвокатите. Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е Ленче Ристоска од ОЈО Скопје. Судијката Стојановска, ги извести присутните дека се сметаат за уредно повикани и за наредна расправа да се уреди полномошното и […]

Ангеловска: Распределуваме повеќе пари кај граѓаните и силна поддршка на бизнисот


  Алоцирање на средствата онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми економски ефекти, е целта на предложениот ребаланс на Буџетот, што од денеска е на дневен ред на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Министерката за финансии Нина Ангеловска, на која ова и е прв значаен […]

Ограбен замок во близина на Париз


Сопствениците на замокот Во-ле-Викомт, во близина на Париз, синоќа биле задржани од крадци како залжници. Притоа, крадците заминале со плен чија вредност се проценува на околу два милиона евра, истакна јавен обвинител, јави дописникот на МИА. Настанот се случил нешто пред зората во замокот кој е изграден во 17. век и претставен како модел на […]

Девојче паднало од балкон од куќа во гостиварска Долна Бањица


Тринаесетгодишно девојче синоќа паднало од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица, информираат од СВР Тетово. При падот, девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.

Одбраната чека одлука за барањето за ослободување на Јанева од притвор


Кривичниот совет во Кривичниот суд – Скопје не донел сѐ уште одлука по барањето на одбраната на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за таа да се брани од слобода за случајот „Рекет“, каде што е третоосомничена. Од судот ни посочија дека барањето на одбраната е во постапка, додека одлуката што вчера ја донесе Кривичниот совет […]

Почна расправата по ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Северна Македонија почна расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот е точка на дневен ред во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Пред членовите предлогот го образложува министерката за финансии Нина Ангеловска, според која алоцирање на средствата онаму каде што ќе има […]

Ќе се стави ли крај на претседателското елдорадо?


Улогата на бившите шефови на државата во политиката може да биде додадена вредност, но и сосема безначајна, ама ретко каде како кај нас тие доживотно се згрижени со параграфите на законот. Односот кон нив е деликатен за повеќето земји, а нивните привилегии во време на криза може да бидат тежок товар за сиромашни земји како […]

Одбраната го оспорува полномошното на Ристоска, бара одложување на „Талир 2“


Одбраната на обвинетите во случајот „Талир 2“ што досега го водеше СЈО, на денешното рочиште побара одложување на судењето поради промена на бројот на предметот и легитимноста на решението на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Застапник на обвинението, согласно дадените овластувања од државниот јавен обвинител Јовески, е Ленче Ристоска која од СЈО прејде во ОЈО […]