Ограбен замок во близина на Париз

Сопствениците на замокот Во-ле-Викомт, во близина на Париз, синоќа биле задржани од крадци како залжници. Притоа, крадците заминале со плен чија вредност се проценува на околу два милиона евра, истакна јавен обвинител, јави дописникот на МИА.

Настанот се случил нешто пред зората во замокот кој е изграден во 17. век и претставен како модел на Версајската палата.

Сопствениците биле врзани од неколумина крадци но нема повредени. Судската полиција во Версај е надлежна за истрагата.