Анализа: Македонскиот БДП во последниве 28 години пораснал за 31 отсто


Република Македонија од 1990 до 2018 година забележала раст на бруто-домашниот производ (БДП) за околу 33 отсто, што во споредба со економиите од регионот е скромен пораст затоа што Турција во истиот тој период има зголемен БДП за 239 отсто, а Словенија, која е втора на листата, за 98 отсто.

Босна и Херцеговина бележи негативна стапка на економски раст од еден процент од 1990 година, при што српската економија во истиот период е уште полоша со негативен раст од 11 проценти. Хрватска напреднала со одлични 58 проценти.

Гореспоменатите податоци ги објави Сонер Кагаптај, познат турски политички аналитичар со адреса на живеење во САД. Кагаптај анализирал период од 28 години, кој е особено интересен од турска перспектива.

Во контекст на поранешна Југославија, приказот е индикативен затоа што го опфаќа периодот што започнува пред распадот на заедничката држава, војната, па потоа и последователниот економскиот колапс на земјите што беа зафатени од меѓуетничките судири.

Сонер Чачаштај е турско-американски политички научник и директор на Турската програма за истражување на Институтот за политика за Блискиот Исток во Вашингтон. Тој по професија е историчар и експерт за односи меѓу Турција и Соединетите Држави, турската политика и турскиот национализам.