„Гугл“ тврди дека постигнале квантна надмоќ


САД – Гугл тврди дека го изградиле првиот квантен компјутер за пресметување и решавање проблеми над можностите на најмоќните денешни суперкомпјутери, објави „Фајненшл Тајмс“. Извештајот на истражувачите на Гугл, кратко објавен на веб-страницата НАСА, а потоа отстранет, тврди дека нивниот процесор за три минути и 20 секунди  бил во можност да ги изврши пресметките за кои […]

Соработници на Рохани не добија американски визи за ГС на ОН


Иранскиот претседател Хасан Рохани нема да биде со вообичаениот тим советници на Генералното собрание на ОН во Њујорк, бидејќи не им се одобрени визи, јавија иранските медиуми. Новинари кои обично го придружуваат претседателот во неговите патувања во странство исто така не добиле визи. Рохани и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ги добија своите […]

Уште еден или последен обид за законот за обвинителство


Се обновуваат разговорите во работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство. За таа цел за денеска е најавен нов состанок во Собранието, кој ќе биде прв по неуспешната лидерска средба, која „резултираше“ единствено со растурање на СЈО. Паралелно, за денеска е најавен и распит во Обвинителство за организиран криминал и корупција […]

Могерини: Преговорите со Северна Македонија и Албанија клучни и за ЕУ


Белгија- Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини синоќа се сретна со премиерите и министри на шесте земји од Западниот Балкан, информираат од нејзината канцеларија. На вечерата, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, се разговарало за европската перспектива на регионот и за остварениот напредок досега. – Тие изразија поддршка за […]

Разводот голем стресоген фактор како операција без анестезија


Динамичниот стил на живеење, променетите вредносни модели на однесување кај луѓето, либералниот бракоразводен режим, остварувањето на личните потреби и интереси пред оние на семејството несомнено влијаат на брзото зголемување на бројот на разводи во изминатите неколку децении. Во развиените држави разводот на бракот се должи на еманципацијата на жената и на модерниот начин на живеење. […]

Едно лица загина во сообраќајка во Скопје


Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во сообраќајките две лица биле потешко, 16 полесно повредени, а во осум била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 72 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, […]

Британскиот туроператор „Томас Кук“ банкротира


Англија– Британскиот туроператор Томас Кук банкротира со што се откажаа аранжманите  на стотици илјади клиенти. Претходно беше соопштено дека над 600 илјади туристи, клиенти на туристичката компанија се погодени од банкротот. Компанијата во соопштение нагласува дека одборот „донел одлука дека нема друг избор освен да преземе чекори за задолжителна ликвидација“. Петер Франкхаузер директор на Томас Кук […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Крупни промени во областа на домот, партнерски врски и општествениот статус: можеби ситуацијата е веќе некое време напната, но најдобро ќе биде да се запрашате што е она што најмногу ви значи и на тој начин да ја обновите страста за животот. Внимавајте притоа да не се изгорите и не брзајте во работата: насмејте […]

Џонсон го повикува светот да гледа подалеку од Брегзит


Британскиот премиер Борис Џонсон се упати кон Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој ќе настојува да пренесе дека Велика Британија по Брегзит ќе биде динамична светска сила која ќе ги предводи напорите за решавањето на климатсите промени и нестабилниот Блиски исток. Меѓутоа, прашањето околу Брегзит ќе го оптовари неговиот тридневен престој. Тој ќе […]

Помор на риби во Вардар, инспекторите на терен


Помор на риби денеска е забележан по течението на реката Вардар кај населбата Аеродром. По првичните проценки на инспекторите од Град Скопје, кои заедно со екипи на „Водовод и канализација“ излегле на терен, се дека загадувањето доаѓа од кругот на поранешна Железара. На официјалната Фејсбук страница на Град Скопје, каде информираат за направениот вонреден инспекциски […]

(ВИДЕО) Триумф на Ливерпул, падна и Челзи за „шест од шест“ за „Црвените“


Во дерби натпреварот од 6. коло на Премиер лигата Ливерпул како гостин го совлада Челзи вечерва во Лондон за максимални шест победи од стартот на сезоната. Трент Александар-Арнолд го отвори резултатот во 14. минута, Роберто Фирмињо во 30. Зголеми на 2:0. Голот за Челзи го постигна Н’Голо Канте на дваесетина минути пред крајот. Ливерпул со […]

Арапскиот блок го поддржа Бени Ганц


Арапскиот блок во израелскиот Парламент го поддржа лидерот на Сино-белата партија Бени Ганц за иден премиер на Израел. Со поддршка од Арапскиот блок, Ганц ќе има повеќе пратеници од поранешнот премиер Бенјамин Нетанјаху. Претставници на арапската партија Заедничка листа денеска му соопштија на претседателот Рувен Ривлин дека го предлагаат Ганц. Заедничката листа на изборите освои […]

Зајакнати капацитетите на Работниот комитет за интеграција во НАТО


Работниот комитет за интеграција во НАТО имаше тренинг семинар во  Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ во Гармишпартенкирхен каде членовите на комитетот детално се запознаа со начинот на кој функционира НАТО во однос на внатрешните постапки и процедури на земјите членки. Членовите на комитетот добија информации и искуства и од некои од поновите земји […]

Трамп: Не кажав ништо тендециозно во разговорот со Зеленски


Американскиот претседател Донад Трамп денеска изјави дека не кажал ништо тенденциозно во телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако повеќе медиуми објавија исказ од анонимен информатор од Белата куќа, дека Трамп барал од Зеленски да спроведе истрага за синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден. Трамп на новинарите им објасни дека годинава на 25 […]

Помпео: Распоредувањето дополнителни сили на САД е заради одвраќање


Целта на САД е да се избегне војна со Иран, а распоредувањето дополнителни трупи во заливскиот регион е наменето за „одвраќање и одбрана“, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео. Во изјава за Фокс Њуз, тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп би презел акција ако таквите мерки за одвраќање не успеат  и оти […]

Два од два за европскиот првак, Вардар во вториот дел го скрши отпорот на Порто


Ракометарите на Вардар забележаа победа со 32:27 над Порто на првиот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите во сезоната во која го бранат трофејот. „Црвено-црните“ попладнево до бодовите стигнаа со подобра игра во второто полувреме, откако португалскиот шампион се покажа како цврст ривал и го доби првиот дел со 16:14. Во два наврата […]

Вардар нов лидер на табелата во ПМФЛ


Екипата на Вардар се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево го забележа петтиот триумф по ред. Во победничка серија влезе и актуелниот шампион Шкендија која денеска беше поуспешна од Струга за трета победа во низа. Досегашниот лидер Академија Пандев одигра нерешено на домашен терен со Шкупи и го […]

Пристигна новата група американски волонтери кои се дел од Мировниот корпус


Педесет и шест Америкаци кои ќе служат како волонтери на Мировниот корупс денеска пристигнаа на скопскиот аеродром. Тие за време на двегодишниот престој во државава ќе го споделат своето знаење и искуство работејќи како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот […]

Над 500 пензионери на спортски натпревар: Влечеа јаже, играа кошарка и фудбал


Штип – Денес во Радовиш над 500 пензионери од целата државаа учествуваа во финалните спортски игри. Лицата од третото доба се напреваруваа во кошарка, фудбал, шах, пикадо, стрелаштво, теглење јаже, атлетски дисциплини. Организторот, Здружението на пензионери на Република Северна Македонија најдобрите во сите спортови ги закити со златен, сребрен и бронзен медал. На овие пензионерски игри […]

Брод со 182 мигранти нема каде да се закотви


Бродот „Океански Викинг“ на кој има 182 спасени мигранти, плови по меѓународни води меѓу Италија и Малта, и чека дозвола од некоја европска земја да се закотви во нејзино пристаниште. На бродот има мигранти од Либија кои биле спасени минатата недела. Во петокот од бродот се симнаа 35 лица кои ги прими Малта. Останатите мигранти, […]