Брод со 182 мигранти нема каде да се закотви

Бродот „Океански Викинг“ на кој има 182 спасени мигранти, плови по меѓународни води меѓу Италија и Малта, и чека дозвола од некоја европска земја да се закотви во нејзино пристаниште.

На бродот има мигранти од Либија кои биле спасени минатата недела.

Во петокот од бродот се симнаа 35 лица кои ги прими Малта.

Останатите мигранти, меѓу кои има 13 деца помали од 15 години и едно новороденче, не сакаат да ги примат ниту Малта, ниту Италија која бара некоја друга европска земја да ги прими мигрантите.