(ВИДЕО) Триумф на Ливерпул, падна и Челзи за „шест од шест“ за „Црвените“


Во дерби натпреварот од 6. коло на Премиер лигата Ливерпул како гостин го совлада Челзи вечерва во Лондон за максимални шест победи од стартот на сезоната.

Трент Александар-Арнолд го отвори резултатот во 14. минута, Роберто Фирмињо во 30. Зголеми на 2:0. Голот за Челзи го постигна Н’Голо Канте на дваесетина минути пред крајот.

Ливерпул со максимални 18 бода е лидер на табелата, Челси со 8 бода е на 11. место.