Дејвид Гарет пристигна во Скопје: Славниот виолинист ќе проба тавче гравче


Уште два дена не делат од концертниот  спектакл во А1 Арената „Борис Трајковски“, што ќе се одржи в среда, во 21 часот, со еден најдобрите инструменталисти на нашето време Дејвид Гарет, харизматичен како рок-ѕвезда и со вродена виртуозност. Подготовките се при крај, а светски познатиот виолинист денеска пристигна во Скопје и е сместен со својата […]

НБ: Поволни движења во економијата и во третиот квартал


Поволните движења во економијата продолжува и во третиот квартал, оценуваат од Народната банка во последниот месечна информација за септември 2019 година. – Согласно објавените проценети податоци за БДП, домашната економска активност продолжи да расте и во вториот квартал на оваа година, со реална стапка на годишен раст од 3,1 отсто. Податоците за јули за индустриското […]

Мигранти сакале да ја поминат грчката граница маскирани во одбојкарска екипа


Грчката полиција уапси десет сириски мигранти кои биле маскирани како членови на украинската одбојкарска репрезентација. Тие биле уапсени во неделата на атинскиот аеродром, откако полицијата утврдила дека пасошите што ги имаат со нив биле пријавени дека се украдени или изгубени. Сириските мигранти носеа идентични дресови, спортски торби, а исто така имаа и две одбојкарски топки, […]

Се урна училница во Кенија, загинаа седум ученици


Најмалку седум ученици загинаа, а 57 се повредени при уривање на една училница во училиште во Најроби, главниот град на Кенија. Портпаролот на кениската Влада го потврди бројот на жртви и повредени. Локалната телевизија објави снимки на кои се гледа како припадници на Црвениот крст ги пребаруваат урнатините на училиштето.

„Игра на тронови“ со 12 „Еми“: Црвениот килим поинтересен од наградите


САД- На свеченото 71. доделување на „Еми” наградите синоќа во Лос Анџелес, за најдобра драма е прогласена ТВ серијата „Игра на престолите”. Од рекордните 32 номинации култната серија освои 12 статуетки. Емитувањето на „Игра на тронови“ (Game of Thrones) заврши неодамна со прикажувањето на осмата и последна сезона. Деветмина актери од серијата се бореа за […]

Македонци купиле автомобил во Холандија, доживеале сообраќајка кај Врање


Македонски државјани се повредени во вчерашната страотна сообраќајка кај Врање, во кое загина едно лице. Според српските медиуми, до несреќата кај селото Бресница дошло по судирот меѓу „голф“ што го управувал 35-годишен жител на Бујановац и „волво“ во кое се превезувале нашинците. Двата автомобили слетаа од автопатот. Четири лица се здобиле со повреди, по што […]

Европски производители на автомобили: Брегзит без договор би имал катастрофални последици


Евентуален брегзит без договор би имал катастрофални последици врз водечките вропски производители на автомобили. Тие предупредуваат дека во случај на брегзит без договор врз автомобилите и минибусите ќе се воведат царини и такси според правилата на СТО што ќе ги чинат производителите и потрошувачите околу 5,7 милијарди евра. – Брегзоит не е само британски проблем, […]

Кондор продолжува со летови и покрај банкротот на Томас Кук групацијата


Германската компaнија Кондор соопшти дека продолжува со летови и покрај тоа што Томас Кук групацијата, каде и тие се дел, потврди дека банкротирала. Од Кондор соопштија дека побарале денеска заем од Владата за да надминат тешкотии во работењето. – Летовите на Кондор продолжуваат според редовниот распоред, наведоа во соопштение од компанијата. Засега е нејасно како […]

Џонсон: Британија смета дека Иран стои зад нападите против Саудиска Арабија


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија заклучила дека Иран е одговорен за нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија и дека Лондон ќе размисли за учеството во американскиот проект за зајакнување на одбранбените капацитети на ултраконзервативното заливско кралство. Џонсон, сепак, додаде дека и Велика Британија со сојузниците ќе работи на „деескалација“ на напнатоста […]

Приведени новинари поради лажна вест за земјотрес во Албанија


Откако некои портали објавија лажни вести за нови земјотреси во Албанија, што  предизвика паника меѓу граѓаните, следуваше реакција од полицијата, пренесува „Топ чанел“. Новинарите Аурел Ракиплари од „SYRI.net“ и Даниела Грица од „Shekulli“ биле придружувани од полиција поради ширење на лажни вести. – Полицијата ги советува граѓаните да останат смирени и да не потпаднат под […]

Продолжува собраниската расправа за ребалансот на буџетот


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска продолжува расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година. Собраниската расправа почна во четвртокот кога новата министерка за финансии Нина Ангеловска го образложи ребалансот на буџетот пред пратениците. Таа рече дека со него се обезбедува поддршка за повисоки плати за вработените во приватниот сектор и во јавната администрација […]

Британија се подготвува за најнечистите избори досега


Лондон – Борис Џонсон е втеран во агол околу „Брегзит“. Делумно поради неговите погрешни чекори, делумно поради зголемено спротивставување на неговиот план за „Брегзит“ – „направи или умри“, Џонсон е меѓу оние чии порази се трупаат, додека на Велика Британија како земја ѝ истекува времето. Сите преостанати опции за „Брегзит“ што му преостануваат на Џонсон […]

СМО: Последните пет години најтопло во историјата на мерењата


Швајцарија – Последиците од глобалното затоплување се забрзуваат, покажуваат најновите научни податоци на Светската метеоролошка организација (СМО), објавени во пресрет на климатскиот самит на ОН во Њујорк. Анализата на Метеоролошката организација предупредува дека петгодишниот период од 2014 до 2019 година беше најтопол во историјата на мерењата. Во истиот период значително е зголемено нивото на морињата, а […]

Над 340 потреси регистрирани во Албанија по земјотресот од саботата


Албанија– Албанскиот институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина соопшти дека повеќе од 340 последователни земјотреси се регистрирани по земјотресот со интензитет од 5,8 степени што го погоди Драч во саботата попладне. Околу 600 домови, претежно изградени пред 1990 година, претрпеа штета во земјотресот, кој исто така накратко го прекина снабдувањето со вода […]

Тетовскиот грав ќе исчезне како бренд


Тетовскиот грав како бренд ќе исчезне. Ова е констатацијата на производителите на грав од Тетовско, кои годинава учествуваа на десетта по ред манифестација Ден на гравот, која се одржа во тетовско Теарце. Велат дека секоја година ги намалуваат површините засадени со грав, затоа што нема каде да го пласираат, а нелојалната конкуренција им ја уништува […]

Бојан Јовановски денеска повторно на распит за „Рекет“


Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба повторно да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, кој се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје. Ова е втор исказ на Јовановски за случајот „Рекет“. Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на […]

Кој ги ограбува, а кој ги помага земјоделците?


Зоран Заев и Љупчо Николовски ги ставаат криминалците кои ги ограбуваат земјоделците да управуваат со земјоделската политика во државата, обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ. – Кире Неделковски наместо во притвор за проневера тешка 300.000 евра, пари украдени од тутунарите, Заев и Николовски го поставија на функција. Додека земјоделците со скинати патики газат по нивите на жешкото сонце, […]

Заев во Њујорк на Генералното собрание на ОН, утре прва средба со Мицотакис


Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на 74. Генерално собрание на Обединетите нации. Утре, според грчки извори, ќе биде реализирана и средба Заев-Мицотакис. Ова ќе биде прва средба на двајцата премиери откако Кирјакос Мицотакис победи на изборите што се одржаа на почетокот […]

На првиот есенски ден променливо време и локален дожд


Од денеска почнува есента на северната хемисфера, а истовреме на јужната хемисфера почнува пролетта. На првиот ден од есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 06:20 часот, а ќе зајде во 18:32 часот. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот […]

Изложба за средновековното наследство на Скопје


Изложба за средновековното наследство на територијата на градот Скопје ќе биде отворена денеска во ТЦ „Капитол“ во организација на „Хаемус“. Насловена е „Skopje ByzArt – историја, уметност, традиција и искуство“ и ќе може да се посети до 27 септември од 10 до 22 часот. Ќе бидат изложени панели групирани тематски според историски, уметнички, религиски и […]