Македонци купиле автомобил во Холандија, доживеале сообраќајка кај Врање


Македонски државјани се повредени во вчерашната страотна сообраќајка кај Врање, во кое загина едно лице. Според српските медиуми, до несреќата кај селото Бресница дошло по судирот меѓу „голф“ што го управувал 35-годишен жител на Бујановац и „волво“ во кое се превезувале нашинците. Двата автомобили слетаа од автопатот.

Четири лица се здобиле со повреди, по што возачот на „голфот“ починал во болницата во Врање.

Македонските дрѓавјани се задржани на лекување. Според информациите во белградските весници, тие биле во Холандија каде го купиле автомобилот, со кој вчера попладне доживеаја несреќа.