„Игра на тронови“ со 12 „Еми“: Црвениот килим поинтересен од наградите


САД- На свеченото 71. доделување на „Еми” наградите синоќа во Лос Анџелес, за најдобра драма е прогласена ТВ серијата „Игра на престолите”. Од рекордните 32 номинации култната серија освои 12 статуетки. Емитувањето на „Игра на тронови“ (Game of Thrones) заврши неодамна со прикажувањето на осмата и последна сезона. Деветмина актери од серијата се бореа за престижната награда, Кит Харингтон и Емилија Кларк беа во конкуренција за најдобри актери, четири актерки се бореа за најдобра женска споредна улога, а тројца актери за најдобра машка споредна улога.
Наградата во категоријата комедија пак, ја освои серијата „Fleabag” (Флибег). Најдобар глумец во комедија е Бил Хедер („Бери“), а најдобра глумица – Фиби Волер-Бриџ („Флибег“).


За најдобар глумец во жанрот драма, прогласен е Били Портер („Поза“), а за најдобра глумица – Џоди Комер. Најдобра мини-серија е „Чернобил”.


Рекордот со најмногу номинации во една година до сега го држеше серијата „Њујоршките сини“ која во 1996 година имаше 26 номинации.


Свеченоста на доделувањето на ТВ-оскарот „Еми“ годинава немаше водител. Наместо тоа, продуцентите одлучиле да им оддадат почит на некои од најпопуларните серии, што последниве месеци го имаа својот крај.


– Нашата задача е да процениме како да го подигнеме нивото на програмата за оваа година и имаме среќа… Интересно е тоа – со колку многу фантастични серии се збогувавме овие месеци – „Игра на престоли”, „Империја”, „Списанието Вајс” и „Бубалици”, изјави Извршниот директор на „Фокс Ентртејнмент”, Чарли Колиер.
Четврти пат во историјата на овие награди, емисијата немапе водител. Претходно тоа се случи 1975., 1998. и 2003 година.


Но покрај доделувањето, друг важен момент на настанот е и црвениот тепих. Секоја година, познатите се обидуваат да го дадат најдоброто од себе, па црвениот килим беше вистинска модна писта.