Дејвид Гарет пристигна во Скопје: Славниот виолинист ќе проба тавче гравче


Уште два дена не делат од концертниот  спектакл во А1 Арената „Борис Трајковски“, што ќе се одржи в среда, во 21 часот, со еден најдобрите инструменталисти на нашето време Дејвид Гарет, харизматичен како рок-ѕвезда и со вродена виртуозност.

Подготовките се при крај, а светски познатиот виолинист денеска пристигна во Скопје и е сместен со својата екипа во луксузен хотел.

“Уште пред да пристигне ни најави дека веднаш сака да направи разглед на Скопје и подобро да го запознае градот, секако му спремивме супер агенда за прошетка денес и утре” – изјавија од Прагма Продукција.

Дознавме дека има и специфични барања околу храната, додека престојува тука, но пред се виолинистот  изрази желба да ги проба сите наши традиционални јадења, како тавче гравче, турлитава и сл.

Гарет, со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE, е на светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10 годишнина од неговите crossover изведби. Одговарајќи на повиците на неговата група на фанови во Македонија која е се во поголем број, тој за прв пат ќе ја донесе својата спектакуларна crossover програма во Скопје!

“НЕОГРАНИЧЕНО” не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот. Со својата страст за музика успеа не само да создаде сосема нова публика за crossover, туку и за класична музика. Неговите изведби на рок хитови како што се “Purple Rain” или “Smells Like Teen Spirit”, неговите верзии на песни како ” Nothing Else Matters ” и “November Rain” , новиот спин на светски познатите поп хитови како “Viva la vida “или” Hey Jude “, како и неговите аранжмани на класични песни како што се Beethoven’s “5th” или  ” Clair de Lune ” , ја креваат целата публика на нозе.

За повеќе од една деценија од неговата меѓународна crossover кариера, David Garrett секој нареден пат се надминуваше себеси. Со  неговата турнејата “EXPLOSIVE LIVE”, продаде повеќе од 400.000 билети во 20 земји.

Паганини меѓу поп-ѕвездите и Џими Хендрикс  меѓу виолинистите, Дејвид  е “ѓаволски виолинист” од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и Металика. Заслужен за равој на модерниот crossover тренд, со неговото исклучително виртуознo свирење, е подеднакво свој како во изведбата на најсложените класични композиции со водечките светски диригенти и оркестри, така и во изведба на најпознатите рок хитови. Обожаван од милиони обожаватели низ целиот свет, досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други.