Могерини: Преговорите со Северна Македонија и Албанија клучни и за ЕУ

Белгија- Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини синоќа се сретна со премиерите и министри на шесте земји од Западниот Балкан, информираат од нејзината канцеларија.

На вечерата, одржана на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации, се разговарало за европската перспектива на регионот и за остварениот напредок досега.

– Тие изразија поддршка за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, подвлекувајќи дека оваа одлука е клучна не само за двете засегнати земји, туку за целиот регион и за ЕУ, стои во соопштението на кабинетот на Могерини.

Освен тоа, сите присутни се согласиле дека преговорите помеѓу Србија и Косово треба да продолжат и да се постигне договор за нормализација на односите на двете страни“.

– Сите партнери од Западниот Балкан ја потврдија нивната силна заложба за ЕУ перспективата, истакнувајќи дека реформската работа продолжува како и регионалната соработка и добрососедските односи, велат од кабиентот на Федерика Могерини.