Над 500 пензионери на спортски натпревар: Влечеа јаже, играа кошарка и фудбал


Штип – Денес во Радовиш над 500 пензионери од целата државаа учествуваа во финалните спортски игри. Лицата од третото доба се напреваруваа во кошарка, фудбал, шах, пикадо, стрелаштво, теглење јаже, атлетски дисциплини.

Организторот, Здружението на пензионери на Република Северна Македонија најдобрите во сите спортови ги закити со златен, сребрен и бронзен медал.
На овие пензионерски игри присуствуваше и Станка Трајкова, претседател на Здружението на пензионери на нашата држава како и Илија Николовски, пратеник и претседател на Партијата на пензионери.
По завршетокот на игрите пензионерите се дружеа во ресторан во Радовиш. (И.Б.)