Експертите советуваат: Најздрави се локалните производи


Во земјата има многу производители на храна и практично е невозможно сите да се проверат Експерти по безбедност на храна, лекари, професори, претставници на референтни институции, истражувачки центри за храна од целиот свет учествуваат во работата на мултидисциплинарниот конгрес на тема „Квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам“ во Охрид. Самите експерти се согласни […]

Жолта алертна фаза во целата земја, температурата до 38 степени


Земјава денеска ќе биде зафатена со температури од жолта алертна фаза. Температурата ќе се искачи до 38 степени целзиусови, поради што се  апелира до граѓаните да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека. При директна изложеност на сонце […]

Системот ќе функционира кога ќе се апсат судии


Ниту еден судија или обвинител не се препознава во сè почестите изјави на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во телевизиска емисија пак „распали“ по судиите и обвинителите оти не извлекле поука од бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Според Спасовски, системот не функционера поради што бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, […]

Фирмите преферираат суд пред арбитража


Ограничувањето на висината на судските такси е една од причините поради кои компаниите недоволно користат арбитража за решавање на спорови, сметаат од Сојузот на стопанските комори на Македонија и најавуваат дека во Министерството за правда ќе иницираат измени на Законот за судски такси. – Во овој момент сметаме дека судските такси се релативно ниски, ограничувањето […]

Здравко Чолиќ доаѓа во Скопје со сопругата: Никој не знае како изгледа Александра


Балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (68) во Скопје ќе допатува од Белград заедно со сопругата Александра, пред најавениот спектакуларен концерт на Градскиот стадион в сабота. Ќе бидат сместени во елитниот хотел „Хилтон – дабл три“. Речиси никој не знае како изгледа сопругата на Чола, како и неговите две ќерки Уна и Лара, кои исто така бегаат […]

Естонија го ратификува Протоколот за НАТО


Естонија- Естонија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Естонскиот парламент едногласно без ниеден глас против вчера даде зелено светло за приклучувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Естонија е 17-та земја што го ратификуваше Протоколот, откако тоа минатата недела го стори и германскиот Бундестаг. Постапката за ратификација вчера почна и во Сенатот […]

Изложба „Магла“ во „Мала станица“


Изложбата „Магла“ вечер ќе биде отворена во мултимедијалниот центар „Мала станица“.  Учесници на изложбата се четворица косовски и еден австриски уметник – Луан Бајрактари, Газменд Ејупи, Дритон Селмани, Алберт Алгајер и Фатмир Мустафа – Карло. Изложбата е под кураторство на Ави Лубин, познат израелски куратор и годинашен куратор на израелскиот павилјон на Венецијанското биенале. Организатор на […]

Започнува изборот на наследник на Тереза Меј


Англија- Конзервативните пратеници во Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе го одржат првиот круг на гласање за избор на нов лидер на владејачката Конзервативната партија. Во трката за наследник на досегашната лидерка на конзервативците и актуелна британска премиерка Тереза Меј се десет кандидати, меѓу кои 313-те пратеници треба да го изберат новиот прв човек […]

Тимови на Црвениот крст од денеска ќе патролираат низ централното градско подрачје


Од денеска по два мобилни тима на Црвениот крст на Град Скопје во периодот од 11:00 до 16:00 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотнитиот бран, а доколку е потребно ќе укажат и прва помош. – Црвениот крст на […]

Весли Кларк: Путин би можел да предизвика војна на Балканот


Косово – Пензионираниот американски генерал Весли Кларк смета дека на Балканот постои ризик од нова војна, што би можел да ја предизвика рускиот претседател Владимир Путин. – Балканот е еден од регионите, кои рускиот претседател Владимир Путин може да ги претвори во кризно подрачје, изјави Кларк за Радио телевизија Косово (РТК). Според него, постојат „кризи што […]

Холандскиот парламент блокира преговори со Албанија, но не и со Македонија


Холандија – Холандскиот парламент синоќа се изјасни против отворањето на преговорите со ЕУ за Албанија, но ја отфрли истата резолуција што се однесува на Северна Македонија. Парламентот во Холандија вчера гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ, но само таа против Албанија доби мнозинство гласови, вклучително и од владејачките партии, со 105 гласа од […]

Лидерите на Вишеградската група ќе расправаат за кандидатите за функции во ЕУ


Унгарија– Лидерите на Полска, Словачка, Унгарија и Чешка денеска во Будимпешта ќе разговараат за потенцијалните кандидати за највисоки функции во ЕУ. Земјите од ЕУ мора да изберат нови претседатели на Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и Европската централна банка. Членките на ЕУ од некогашниот комунистички блок кои влегоа во Унијата во 2004 година, настојуваат […]

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“ на СЈО


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Титаник“ што се однесува на изборни нерегуларности се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази, како барања за издавање лични карти, изјави […]

Пратеници од германскиот Бундестаг во работна посета на земјава


Пратеници од германскиот Бундестаг денеска ќе бидат во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија. Како што соопшти собраниската прес-служба германските пратеници ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, со Владимир Ѓорчев, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија и членовите и со […]

Премиерот Заев на средба со канцеларката Меркел


Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на дводневната посета на Германија ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел на која една од клучните теми ќе биде токму датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни […]

Привремен режим на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“


Поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, од денеска ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот. Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди“, на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Напредувањето во раните утрински часови може да е тешко: направете план, кој ќе го следите до неговото исполнување. Ако форсирате, нема да постигнете ништо, особено на домашен план: попладнето носи промени, кои ќе ве спречат да направите фатални грешки и ќе треба да преговарате. Смирете го стравот и креирајте нова стратегија. БИК: Животот е […]

Промовирана книгата „Албанците од Македонија и иднината на државата“ од Махи Несими


Книгата „Албанците од Македонија и иднината на државата“ од авторот Махи Несими беше промовирана денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Оваа е петта книга на авторот, инаку поранешен новинар, политичар и амбасадор во Хрватска. -Ние Албанците во Македонија направивме многу малку за да оставиме пишани документи за важни настани од нашата историја овде. […]

Рикер: Северна Македонија сработи одлично, преговорите со ЕУ треба да започнат што поскоро


Администрацијата во Вашингтон е убедена дека Северна Македонија е на вистинскиот пат за зачленување во ЕУ и дека претпристапните преговори на земјата со Брисел треба да започнат што поскоро, изјави за МИА Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Разговорите што Администрацијата ги води со европските сојузници и партнери и препораката на […]