Половина од персонал заболел со морбили, хируршкото одделение во Струшката болница по клуч


Хируршкото одделение во струшката болница  под клуч. Ваквиот епилог следи оти половина од персоналот се заразил со мали сипаници односно морбили.  Пациентите се препраќат во најблиските клиники за операции, во Охрид ама и на скопските клиники. Да се затвори одделението одлучила Комисијата за интерхоспитални инфекции во болницата. „На хирургија најмогу се прошири епидемијата од морбили, […]

Опасен руски криминалец се крие во Албанија


Опасниот руски криминалец Реваз Исмаилович Кахмазов, познат како Резо Лоткинскиј, се крие во Албанија под името Реваз Мендеки, објави порталот Албеу, повикувајќи се полициски извори. Руските власти против 44-годишниот Кахмазов имаат распишано меѓународна потерница под обвинение за учество во серија вооружени грабежи, трговија со дрога, измама, продажба на наркотици во затвор и членство организирана криминална […]

Навивачите на Лацио му изразија почит на Де Роси


Навивачите на Лацио му изразија голема почит на Даниеле де Роси, кој по 18 години заминува од редовите на нивниот градски ривал Рома. Тие на натпреварот против Болоња на северната трибина на „Олимпико“ закачија огромен транспарент на кој пишуваше: „Горд и нескршлив непријател на теренот – Даниеле де Роси, Северот те поздравува“. Неодамна, почит кон […]

Австриските пратеници в понеделник ќе гласаат за доверба на канцеларот Курц


Претседателот на австрискиот Парламент за в понеделник го закажа гласањето доверба на канцеларот Себастијан Курц, чија коалициска Влада се распадна по скандалот во кој беше вклучена крајнодесничарската Слободарска партија (ФПО). Претседателот на парламентот Волфганг Соботка, кој како и Курц е член на Австриската народна партија (ОВП) денеска предложи предлогот за гласање доверба да биде на […]

Од понеделник цената на бензините по новата методологија


Од следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија, која регулаторите треба да ја донесат во следните два дена. На прес-конференција денеска посочија дека со неа цените ќе бидат пониски од оние што се одредувале со старата, а придобивки ќе имаат и граѓаните и трговците. Движењата на […]

Апелација ја отфрли жалбата, Спиро Ристовски останува во притвор


Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски останува во притвор откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор. Ристовски, кој издржува мерка притвор во Затвор Скопје, е еден од осомничените како организатор на настаните на 27 април во Собрание во 2017 година. На јавна седница […]

НБ: И кредитите и депозитите со раст во април


Раст на кредитите и депозитите е забележан во април. Податоците на Народната банка покажува дека растот е забележан и кај секторот население и кај домаќинствата. Годишно растот на депозитите е 13,1 отсто, додека кај кредитите 8,9 отсто. Во април, вкупните кредити забележаа месечно зголемување од 0,5 отсто. Кредитниот раст на месечно ниво произлегува од зголемувањето […]

Избодено 13-годишно момче во Скопје


Во понеделникот вечерта 13-годишно момче било избодено со нож во Скопје, а во моментот се опоравува во Градската болница. Имено, во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред бурекџилница на ул.„Емин Дураку“ неколку непознати лица физички нападнале 13-годишно момче од Скопје. Притоа, едно од лицата со остар предмет му нанел убодни рани во […]

Комерцијална банка: Не влегуваме во Вардар


Комерцијална банка ги демантира гласиштата во дел од медиумите дека влегуваат во ракометниот клуб Вардар, односно дека директорот Хари Костов ќе го преземе управувањето со поранешниот европски шампион. „Информацијата не е точна“, велат од Комерцијална за „Независен весник“. Ракометарите на Вардар се подготвуваат пред фајнл-фоур турнирот во Келн од Лигата на шампионите каде се среќаваат […]

Јубилејна 50та изведба на детската претстава „Чек-ин пред зграда“


Детската театарска претстава „Чек-ин пред зграда“ ќе ја има својата 50та изведба на 27 мај во кино Фросина во Младински Културен Центар. Почетокот е закажан за 19 часот. Претставата ја разработува темата дека модернизацијата, технологијата, интернетот и социјалните мрежи се неизбежна алка од времето во кое живееме. Несомнено зависноста од технологија, интернет и социјални мрежи […]

Таравари: ,,Метлата” на Заев започна од Гостивар


Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари во социјалните мрежи напиша дека  денеска ,,метлата” на Заев започнало од Гостивар, менувајќи ги директорите на неколку училишта во ова општина. ,,Метлата на Заев, започна од Гостивар, денеска се поставени нови присилни директори по училиштата, по 6 пат се менуваат директорите во училиштата во нашата општина за 18 месеци”, […]

Неготино ќе субвенционира купување велосипеди


Општина Неготино ќе надоместува дел од трошоците за купување на велосипеди. По принципот „прв дојден, прв услужен“, локалната самоуправа објави јавен повик за таа цел.   – Средствата што општината ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход, […]

МОН: Активирани решенијата за враќање на директорите на училиштата во Гостивар


Активирани се решенијата за враќање на директорите на училиштата во Гостивар на работните позиции од кои беа разрешени на незаконски начин. Министерството за образование и наука денеска информира дека станува збор за решенија кои беа повлечени во интерес на заложбите за спроведување фер и коректен процес за избор на претседател на државата. – Одложувањето на […]

Шестгодишно дете од Прилеп исчезнало во Тетово


Во Секторот за внатрешни работи во Тетово вчера било пријавено дека од саботата,18 мај, е исчезнато дете. Жител на Прилеп пријавил дека во Тетово е исчезнато неговото шестгодишно дете. – Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп, вчера (20 мај) во 11 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавил дека на 18 […]

Улицата „Прашка“ во Тафталиџе стана еднонасочна


Од денеска почнува да функционира новиот сообраќаен режим на улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1. По оваа улица каде што има и повеќе воспитно – образовни установи, ќе се вози во една насока, со што ќе се ублажи метежот во овој дел од Карпош.   –   Со новата хоризонталната и вертикална сигнализација ќе се придонесе […]

Во нацрт-резолуцијата на УНЕСКО Охридскиот регион ставен на листата загрозени светски наследства


Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО) во последниот нацрт-извештај пред одржувањето на конференцијата на организацијата идниот месец во Азербејџан препорачува природното и културното наследство на Охридскиот регион да биде ставено на листата загрозени светски наследства. Барањето на организацијата е последица на недоволниот капацитет на институциите во државата да се справат со […]

Влада: Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба


„Владата на Република Северна Македонија оствари повеќе работни средби со претседателите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (Синдикатот на УПОЗ) и на Судскиот совет на Република Северна Македонија и нивни претставници, заради изнаоѓање решение во врска со прашањето за враќање на задржаните средства на вработените во судската служба за […]

Почина генералниот директор на „Реплек“ Душан Туџаров


Генералниот директор и претстедател на Управен одбор на „Реплек“, Душан Туџаров почина вчера во својот дом во Скопје. Погребот ќе биде извршен в четврток, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот. Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при […]

Отворен првиот Лапидариум во прилепскиот Музеј


Со стотина ексклузивни експонати во мермер и од камена пластика од богатите архелошки наоѓалишта во регонот, прилепскиот Завод и музеј денеска официјално го отвори Лапидариумот во просторот во рамките на институцијата. Како што објаснува директорот на Заводот и Музеј, Благоја Атанасоски, ова е прв Лапидариум во 65-годишното постоење на институцијата. За отворањето се подготвуваме повеќе […]

Zaev optimistic; according to Deskoska – anything is possible in the SPO talks


It’s possible the Government and the opposition agree on the Law on Public Prosecution before the European Commission releases its report on May 29, according to North Macedonia’s Prime Minister Zoran Zaev and Justice Minister Renata Deskoska. After a debate Tuesday on the National Strategy for the Development of the Concept of One Society for […]