Половина од персонал заболел со морбили, хируршкото одделение во Струшката болница по клуч


Хируршкото одделение во струшката болница  под клуч. Ваквиот епилог следи оти половина од персоналот се заразил со мали сипаници односно морбили.  Пациентите се препраќат во најблиските клиники за операции, во Охрид ама и на скопските клиники. Да се затвори одделението одлучила Комисијата за интерхоспитални инфекции во болницата.

„На хирургија најмогу се прошири епидемијата од морбили, премногу имаме контакт со пациенти, моја претпоставка е дека поради тоа на хирургија има најмногу од персоналот заболени. Половина од персоналот од хирургија и од анестезија е на боледување“, изјави началникот на хируршкото одделение во болницата во Струга Владимир Кочовски

Од почетокот на епидемијата досега 126 граѓани заболеа од морбили во Струга, а само минатата недела регистрирани беа 130 новозаболени, од нив поголемиот дел се од внатрешноста на земјата, според  податоците на Центарот за јавно здравје.