Неготино ќе субвенционира купување велосипеди


Фото: Б. Грданоски

Општина Неготино ќе надоместува дел од трошоците за купување на велосипеди. По принципот „прв дојден, прв услужен“, локалната самоуправа објави јавен повик за таа цел.  

– Средствата што општината ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход, како и 50 проценти од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, појасни портпаролот Методи Митрев. 

Јавниот повик трае заклучно со 20 јуни оваа година, а средствата во висина од 300.000 денари предвидени за исплата се обезбедени од буџетот  на општина Неготино.