Комерцијална банка: Не влегуваме во Вардар


Комерцијална банка ги демантира гласиштата во дел од медиумите дека влегуваат во ракометниот клуб Вардар, односно дека директорот Хари Костов ќе го преземе управувањето со поранешниот европски шампион.

„Информацијата не е точна“, велат од Комерцијална за „Независен весник“.

Ракометарите на Вардар се подготвуваат пред фајнл-фоур турнирот во Келн од Лигата на шампионите каде се среќаваат со Барселона. Досегашниот газда, Сергеј Самсоненко најави заминување од клубот, по што почесниот претседател Михајло Михајловски презеде иницијатива за спас на македонскиот шампион. Тој рече дека разговарал со неколку сериозни фирми, како и со претставници на Град Скопје и на владата, при што добил ветувања дека ќе се среди солидна финансиска конструкција и за идната сезона. (Г.А.)