Навивачите на Лацио му изразија почит на Де Роси


Навивачите на Лацио му изразија голема почит на Даниеле де Роси, кој по 18 години заминува од редовите на нивниот градски ривал Рома.

Тие на натпреварот против Болоња на северната трибина на „Олимпико“ закачија огромен транспарент на кој пишуваше: „Горд и нескршлив непријател на теренот – Даниеле де Роси, Северот те поздравува“.

Неодамна, почит кон фудбалерот на „волчицата“ изразија и навивачите на Старата дама, кои на еден транспарент напишаа: „Чао, Де Роси. Првин човек, а потоа фудбалер“.

Инаку, Де Роси ќе ја напушти Рома по 18 верни сезони на 35-годишна возраст, откако клубот од Рим одлучи да не му го продолжи договорот.