Таравари: ,,Метлата” на Заев започна од Гостивар


Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари во социјалните мрежи напиша дека  денеска ,,метлата” на Заев започнало од Гостивар, менувајќи ги директорите на неколку училишта во ова општина.

,,Метлата на Заев, започна од Гостивар, денеска се поставени нови присилни директори по училиштата, по 6 пат се менуваат директорите во училиштата во нашата општина за 18 месеци”, напиша Таравари на Фејсбук.