Билетот во Зоолошка поскапува, оти слоновите и шимпанзото јаделе многу


Поскапувањето на билетот во скопскиот ЗОО-парк од 50 на 80 денари, беше изгласано на вчерашната седница на Советот на град Скопје. – Зоолошката има трошоци, слоновите јадат многу, исто како и шимпанзото, објасни директорот на зоолошката градина Ѓорги Галетановски по однос на точката со која се предвидува поскап билет за влез во зоолошката градина. Советниците […]

Немири во Џакарта по изборната победа на индонезискиот претседател Видодо


Во некои делови на Џакарта избувнаа немири откако изборната комисија на Индонезија потврди дека претседателот Џоко Видодо победи на изборите одржани минатиот месец, изјави гувернерот на индонезискиот главен град Ањес Басведан. Приврзаниците на поразениот претседателски кандидат Прабово Субијанто се судрија со  безбедносните сили во главниот град на Индонезија, палејќи возила и фрлајќи камења врз полицијата, […]

Џафери со државна делегација во Рим во чест на Св. Кирил


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, на 24 мај ќе ја предводи државната делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во Чест на Св. Кирил“, во Светата столица во Рим. Џафери ќе биде придружуван од пратениците Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Ирена Стефоска, Крсто Мукоски, генералниот секретар Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо […]

ОН: Либија е на прагот на граѓанска војна


Либија е на прагот на граѓанска војна, која би можела да доведе до трајна поделба на државата, изјави специјалниот пратеник на ОН за оваа северноафриканска земја, Гасан Саламе. – Санирањето на досега направените штети ќе трае со години, во случај војната да заврши сега, изјави Саламе во обраќање пред Советот за безбедност на ОН. Саламе […]

Заев: УКИМ ја препозна својата мисија и обврска да ги постигне европските норми


  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија вo вторник вечер се обрати на свечената академија по повод 70 годишнината од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, која се одржа во Национална Филхармонија, и со која отпочнаа активностите од програмата по повод јубилејот на универзитетот и по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите […]

Медиумите полудеа во Кан: Бред Пит и Леонардо Дикаприо во елегантни костуми


Франција– Главните ѕвезди на еден од најочекуваните филмови годинава – „Once Upon a Time in Hollywood“ на режисерот Квентин Тарантино, прошетаа на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал. Медиумите полудеа по Бред Пит (55) и Леонардо Дикаприо (44) кои во филмот играат двајца актери кои упорно си ја бараат среќата во Холивуд. Ѕвездите изгледаат како […]

Кина ги обвини САД за неуспехот на трговските преговори


САД– Кинескиот амбасадор во Вашингтон, Цуи Тјанкај ги обвини САД дека со постојаната промена на мислењата, придонеле за пропаѓање на преговорите меѓу двете земји за прекин на трговската војна. – Доколку го погледнете процесот на трговски разговори меѓу нас во последната година, веднаш ќе сфатите дека американската страна за една вечер повеќепати го промени мислењето […]

Партиските адвокати под лупа


Кавга ја прекина седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која требаше да се донесе одлука дали се прифаќа барањето на опозицијата да се одржи надзорна расправа за договорите за консултантски, адвокатски и нотарски услуги што ги склучуваат Владата, органите на државна управа и претпријатијата со државен капитал. Според предлагачот, пратеникот Никола Мицевски […]

Просечната плата 24.590 денари


Просечната плата исплатена во март годинава во однос на март 2018 година е повисока за 3,8 проценти и изнесува 24.590 денари. Според Државниот завод за статистика, зголемување се должи пред сè на растот на платите во здравството и социјална заштита, каде што просечната плата бележи раст од 11,4 проценти, во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, […]

Македонска убавина низ генерации: Катарина, Маја или Сани?


Манекенките Катарина Ивановска, Маја Сашек и Сани Богдановска се  убавиците од новата модна кампања на дизајнерот Игор Марков, во соработка со стилистката и фотограф Јована Зука. По ревијата во март, во објектот на Националната галерија на Македонија – Даут Пашин Амам, дизајнерот продолжува со промоција на претставената колекција, трета по ред, низ кампања во која […]

Ќе пресуди ли ДУИ и за градот на УНЕСКО?


Од УНЕСКО повторно бараат да се стави мораториум на урбаните активности на брегот на Охридското Езеро сè додека не се донесат законски решенија и не се спроведат ефикасно. Препорачуваат природното и културното наследство на Охридскиот Регион да биде ставено на листата загрозени светски наследства. Предлогот ќе се разгледува на конференцијата во Баку, Азербејџан, која ќе […]

Кој и зошто ѝ подари метла на Дескоска?


„Непознати сторители“ оставија вчера позлатена метла пред Министерството за правда, додека министерката Рената Тренеска-Дескоска беше во Клубот на пратеници заедно со премиерот Зоран Заев, каде што учествуваше во јавна дискусија. Службеници ја внеле метлата која заврши како сувенир во министерскиот кабинет, за што Дескоска објави на Фејсбук толкувајќи дека ваков подарок во правдата може да […]

Протести во Чешка против министерката за правда


Чешка– Неколку илјади Чеси протестираа синоќа против министерката за правда Марија Бенесова, за која сметаат дека може да влијае врз кривичната истрага што се води против чешкиот премиер Андреј Бабиш. Демонстрантите, кои протестираат четврта недела по ред, велат дека Бенесова може да влијае врз истрагата за Бабиш, бидејќи во 2017 година како пратеник беше против […]

Владата прави стратегија против омразата


„Едно општество за сите“ беше еден од клучните слогани во политичката стратегија на актуелната власт за соборување на режимот на Никола Груевски пред две години. И покрај обвинувањата на политичките противници дека станува збор за флоскула испразнета од секаква суштина, власта не отстапува од заложбите да создаде општество во кое секој ќе има еднаков пристап […]

Чикаго доби прва градоначалничка Афроамериканка


САД– Лори Лајтфул е избрана за градоначалник на Чикаго и таа е прва Афроамериканка на позицијата градоначалник на третиот најголем град во САД. – Со години се зборува дека Чикаго не е подготвен. Ќе бидеме подготвени, бидејќи реформите се тука, рече Лајтфул откако положи заклетва на преземањето на функцијата, објави Гласот на Америка. Таа, исто така, […]

Чествување на Гане Тодоровски, бардот на македонската култура


Чествување на Гане Тодоровски денеска на пладне ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На средбата посветена на 90 години од неговото раѓање беседа за големиот македонски поет ќе одржи писателот Раде Силјан, а стихови од неговото творештво ќе интерпретира актерот Томе Витанов. Гане Тодоровски беше роден на 11 мај 1929 година, […]

Шпанија има најмногу пратенички во Европа


Шпанија– Шпанија стана земјата со најголем број пратенички во националниот парламент во Европа, откако на конститутивната седница во Мадрид беа потврдени мандатите на 164 народни избранички од 350 места во Законодавниот дом, што значи дека се 46,85 отсто од пратениците во Конгресот се жени. Со тоа шпанскиот парламент ги надмина шведското и финското Собрание, покажуваат […]

МНР ги прибра дипломатите што биле во Собрание на 27 април


Тројца дипломати вработени во Министерството за надворешни работи вечерта на 27 април биле во Собрание додека се случувал крвавиот упад. МНР ги избркало од работа, но со судска одлука двајца се вратени на работа. Освен што се вратени на работа, МНР од државниот буџет ќе им ги исплати и сите неисплатени плати и придонеси. Од […]

Изведба на „Боеми“ на Пучини на Мајски оперски вечери


Во рамките на 47. Мајски оперски вечерва ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини, под диригентската палка на Оливер Балабурски и во режија на Дејан Прошев. Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19-от век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на […]

Нови рочишта за „Тортура“, „Титаник 3“ и „Т.Н.Т.“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Тортура“, „Титаник 3“ и „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот „Тортура“ на СЈО се однесува за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година и се наоѓа во доказна постапка.. Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на […]