Чикаго доби прва градоначалничка Афроамериканка

САД– Лори Лајтфул е избрана за градоначалник на Чикаго и таа е прва Афроамериканка на позицијата градоначалник на третиот најголем град во САД.

– Со години се зборува дека Чикаго не е подготвен. Ќе бидеме подготвени, бидејќи реформите се тука, рече Лајтфул откако положи заклетва на преземањето на функцијата, објави Гласот на Америка.

Таа, исто така, додаде дека ниту еден официјален претставник не треба да профитира од својата функција, како и дека ќе спроведе полициски реформи.

Лајтфут, 56-годишна демократка, е поранешна американска јавна обвинителка. Таа исто така е првиот градоначалник на Чикаго која отворено призна дека е хомосексуалка.