Просечната плата 24.590 денари


Просечната плата исплатена во март годинава во однос на март 2018 година е повисока за 3,8 проценти и изнесува 24.590 денари.

Според Државниот завод за статистика, зголемување се должи пред сè на растот на платите во здравството и социјална заштита, каде што просечната плата бележи раст од 11,4 проценти, во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, каде што растот е 8,2 проценти и во транспортот и складирањето од 7,8 отсто.