Деркоски: Верувам дека в недела ќе биде избран претседател на државата


Верувам дека в недела ќе биде избран претседател на државата, ќе биде исполнет потребниот цензус и дека ќе имаме чисти избори како предуслов за многу други работи кон кои се стреми нашата држава, истакна претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. На прес конференција што се одржа во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, претседателот на […]

Трамп го покани Орбан на „работна средба” овој месец


Унгарскиот премиер Виктор Орбан е поканет на „работна средба“ од американскиот претседател Доналд Трамп, која треба да се одржи на 13 мај. Тоа беше соопштено од портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач. Средбата ќе се фокусира на енергетската безбедност, одбранбената соработка, билатералните односи. Во јули 2016 година, Орбан беше првиот национален лидер во Европската унија, […]

Во Индија поради тропски циклон евакуирани 800.000 луѓе


Индиската Влада е во состојба на готовност, додека источниот брег на земјата се подготвува за удар на тропски циклон. Официјални лица изјавија дека мораат да евакуираат 800.000 луѓе од државата Одиша на побезбедни места. -Околу 20.000 луѓе веќе се преселени, изјави Прабхат Ранјан Мохапатра, висок офицер во канцеларијата за итна помош. Тој соопшти дека тимовите […]

Лени Кравиц пристигна во Скопје


Музичката ѕвезда Лени Кравиц доцна синоќа пристигна во Скопје со својата екипа која брои околу 60 луѓе, информираше Авалон продукција. Кравиц пристигна два дена пред големиот концерт кој ќе се одржи утре во ВИП-арената „Борис Трајковски“. Македонија е негова трета концертна станица пo Словенија и Австрија во рамките на турнејата „Raise vibration“. Организаторот на концертот […]

Пејачот Даниел Кајмакоски се разведува: Најважен е синот


Поп-пејачот Даниел Кајмаковски (35), победник на првата сезона на шоуто на таленти „ Х – Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015 година во Виена, потврди дека се разведува по три години брак од манекенката Кристина Димитријевска со кого го има синот Давид (2). „Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една […]

Заев ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 5 мај


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска преку видео-обраќање ги повика граѓаните да излезат да гласаат во вториот круг од претседателските избори на 5 мај. – На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина. Дали одиме напред, дали продолжуваме со развиениот свет или ќе дозволиме блокада […]

Предевровизиска дружба со Тамара


Пред заминувањето на македонската делегација на Евросонг во Тел Авив, в понеделник (6 мај) во Скопје, в недела, е закажано предевровизиско дружење со Тамара. Нашата евровизиска претставничка в вторник ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на сцената на „Експо центарот“ во Тел Авив. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска. […]

Еден загинат и над 40 повредени во судирите во Венецуела


Една девојка загина и 46 лица се повредени во Каракас каде опозицискиот лидер Хуан Гуаидо повика на генерален штрајк во обид да биде симнат од власт претседателот Никоас Мадуро. Мадуро зад себе се уште ги има како поддршка армијата и ветува казни за „предавниците“ одговорни за неуспешниот преврат. Венецуелски невладини организации потврдија дека 27-годишната Јурубит […]

Српското книжевно списание „Eckermann” објави поетски избор на Томислав Османли


Под заедничкиот наслов „Mediterranica“, најновиот, 21-ви број на престижното српско литературно списание „Eckermann” објави избор од неколку песни на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за песните „Љубов“, „Престолнина“, „Лето ’74“, „Каде живееш“. Овој поетски избор од нашиот автор, познат како прозаист, доаѓа по покана од уредникот за поезија на спомнатото списание, врз основа на […]

Исланд: Се срона глечер, туристи бегаа


Дел од огромен леден ѕид падна од глечер на Исланд, а водич ги советуваше туристите да се качат на околните височинки, при што никој не е повреден. Дека ситуацијата беше многу опасна, сведочи и видеото од камера која успеала да го „фати3 моментот да одрон на глечерот. Туристите заминале во обиколка, но морале да побараат […]

Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција


Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, во интервју за белгискиот весник “Ле Соар“ вели дека доколку неговата партија дојде на власт во Грција ќе се бори за “ублажување“ на последиците од Преспанскиот договор, кој го смета за штетен за неговата земја, јави дописничката на МИА од Брисел. Лидерот на најголемата грчка опозициска партија […]

Ирански танкер бара помош од Саудиска Арабија


Крајбрежната стража на Саудиска Арабија му помага на ирански танкер за превоз на нафта, кој се наоѓа во Црвено Море, откако испрати повик за помош до Саудиска Арабија поради дефект на моторот и губење контрола врз пловниот објект. Иран, чиј танкер со нафта минатата година доживеа катастрофална несреќа во Источното Кинеско Море во која животот […]

Изменет сообраќаен режим на автопатот Гевгелија – ГП Богородица од денеска до сабота


Изменет сообраќаен режим се воведува од денеска до сабота на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, информира АМСМ. Причина за изменетиот режим на сообраќај се градежните активности за поставување индуктивни јамки што ќе ги изведува фирмата „Виадукт Трејд” во наредните три дена.

Ограбена скопската Зоолошка градина


Скопската Зоолошка градина беше ограбена вчера. Крадците влегле од службениот влез кај АБЦ и украле алат и други предмети. Од ЗОО потврдија дека имале грабеж. Пријавиле во полиција и нивна екипа излегла на увид. Очекуваат со увидот да се утврди точната штета. Зоолошката градина за време на празниците работеше со полно работно време.

Усвоен закон: Наставниците на Флорида ќе може да носат оружје во училница


  Конгресот на американската држава Флорида усвои закон со кој се дозволува на наставниците да носат пиштол во училница.   Законот е усвоен како мерка за спречување ситуации какво што беше смртоносното пукање во средното училиште во Паркленд, минатата година. Парламентот на Флорида, во кој мнозинство имаат републиканците, гласаше со 65 гласови „за“, додека 47 […]

(Фото) Дрејк триумфираше на наградите „Билборд 2019“


САД- Со 12 награди од 17 номинирани, поп-ѕвездата Дрејк синоќа триумфираше на наградите „Билборд“ во Лас Вегас. Дрејк ги освои меѓу другите наградите Топ музичар, Топ хот 100 музичар, музичар со најпродавани песни, рап музичар, со нај албум… Карди Б од 21 номинација, освои шест награди, меѓу нив за нај радио песна и раперка на годината. […]

Османи: Поставете го албанското знаме каде сакате


Вицепремиерот Бујар Османи го оправдува чекорот на играорците од Косово кои поставија албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид за што беа парично казнати. Според Османи албанското знаме може да се постави било каде и тоа, според него, е дозволено со закон, пренесува ТВ21. -Поставете го албанското знаме каде и да посакате, нема да имате […]

Линекер за подвигот на Меси: Малиот гениј се спротивставува на логиката


Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Гери Линекер по натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Ливерпул (3:0) изрази восхит кон Лионел Меси. Аргентинецот беше двоен стрелец и достигна 600 голови во дресот на каталонскито тим. – Вау! Меси го постигна 600. гол за Барселона од слободен удар каков што ретко некогаш повторно ќе […]

Интервју со Стево Пендаровски: Само јас сум кандидат на сите граѓани


Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, не е обесхрабрен од слабиот одѕив и тесната предност што ја постигна во првиот круг од шестите избори за шеф на државата. Убеден е дека ваквиот исход ќе биде мотивирачки фактор за граѓаните да излезат на 5 мај во значително поголем број, така што сега очекува убедлива […]