Османи: Поставете го албанското знаме каде сакате


Вицепремиерот Бујар Османи го оправдува чекорот на играорците од Косово кои поставија албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид за што беа парично казнати.

Според Османи албанското знаме може да се постави било каде и тоа, според него, е дозволено со закон, пренесува ТВ21.

-Поставете го албанското знаме каде и да посакате, нема да имате проблеми – рече Османи во емисијата Клик Плус.