Линекер за подвигот на Меси: Малиот гениј се спротивставува на логиката


Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Гери Линекер по натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Ливерпул (3:0) изрази восхит кон Лионел Меси.

Аргентинецот беше двоен стрелец и достигна 600 голови во дресот на каталонскито тим.

– Вау! Меси го постигна 600. гол за Барселона од слободен удар каков што ретко некогаш повторно ќе видите. Малиот гениј се спротивставува на логиката, напиша Линекр на социјалните мрежи.