Пејачот Даниел Кајмакоски се разведува: Најважен е синот


Поп-пејачот Даниел Кајмаковски (35), победник на првата сезона на шоуто на таленти „ Х – Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015 година во Виена, потврди дека се разведува по три години брак од манекенката Кристина Димитријевска со кого го има синот Давид (2).

„Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една причина. Велигденските празници – кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за сè има вистинско време. Jас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност“, пишува Кајмакоски во имеилот за „Бекстејџ“.

Кајмакоски, во 2016, победи во третата сезона на познатото балканско шоу „Твое лице звучи познато“.

Родум од Мислешево, Струшко, поголемиот дел од детството и младоста со родителите живеел во Виена.