Изменет сообраќаен режим на автопатот Гевгелија – ГП Богородица од денеска до сабота


Изменет сообраќаен режим се воведува од денеска до сабота на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, информира АМСМ.

Причина за изменетиот режим на сообраќај се градежните активности за поставување индуктивни јамки што ќе ги изведува фирмата „Виадукт Трејд” во наредните три дена.