Ограбена скопската Зоолошка градина


Скопската Зоолошка градина беше ограбена вчера. Крадците влегле од службениот влез кај АБЦ и украле алат и други предмети.

Од ЗОО потврдија дека имале грабеж. Пријавиле во полиција и нивна екипа излегла на увид. Очекуваат со увидот да се утврди точната штета.
Зоолошката градина за време на празниците работеше со полно работно време.