Седуммина загинаа во лавина во Алтајските планини


  Седум луѓе загинаа во лавина во Алтајските планини, соопшти денеска руското министерство за вонредни ситуации. Инцидентот се случил пред два дена кога група од девет турсити упаднале во лавина на Алтајските планини, пренесе Тас. Две лица успеале да се спасат.

Михајловиќ: Завршен Коридорот 10 до границата со Северна Македонија


Србија- Грделичката клисура е целосно совладана, јужниот крак на Коридорот 10 кон Северна Македонија и Грција е целосно завршен и во зависност од временските услови во следните десет дена ќе биде официјално отворен за сообраќај, изјави утринава, вицепремиерката на Србија и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ. Таа, како што соопштија на сајтот […]

Ципрас објави пакет позитивни мерки за граѓаните


Грција– Намалување на ДДВ-то од 24 отсто на 13 отсто за угостителските услуги и прехранбените производи , намалување на ДДВ-то за енергијата од 13 проценти на шест отсто, 13-та пензија за пензионерите се дел од пакетот позитивни мерки, кои синоќа, на вонредна прес-конференција ги соопшти грчкиот премиер Алексис Ципрас. Како што објасни премиерот на Грција, […]

Институтот за македонска литература со трибина за хип-хопот


Институтот за македонска литература денеска ќе организира трибина насловена: „Хип хоп култура (40 години уметнички перформанс)“, а поводот е  40-годишнината од првата хип-хоп песна „Раперс дилајт“ изведена од групата Д’Шугархил Генг. – Хип-хопот како глобален тренд и популарна култура е присутен во највисоките академски средини. Во нашата земја се одржани повеќе предавања, трибини и дебати […]

Заев прво ќе „смете“ во својот двор


Анализата на кадровските политики на власта и смените што ги најави премиерот Зоран Заев меѓу двата изборни круга ќе почнат од „Бихаќска“, најавуваат извори од СДСМ. Во најбрз можен рок се очекува да биде закажан конгрес на владејачката партија, како што е предвидено и со партискиот статут, според кој делегатите се состануваат по секој изборен […]

Ненајавена посета на Помпео на Ирак додека растат тензиите со Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во ненајавена посета на Багдад со цел да и даде поддршка на ирачката Влада во време кога САД собираат разузнавачки податоци за да докажат дека Иран претставува закана по американските интереси на Блискиот Исток. Помпео се сретна со ирачкиот претседател и премиер, Бархам Салих и Адил Абдул Махди како […]

(Фото) Скопјанец го фати чудото од Енфилд: Типуваше 4-0 за Ливерпул


Жител на Скопје вчера успеа да ја спои навивачката страст и сенсот за обложување. Страствениот навивач на Ливерпул, кој го испрати своето ливче до „Независен весник“, беше убеден во победа и пласман на неговиот омилен тим во финалето од Лигата на шампионите. Поразот од 3-0 во првиот меч во Барселона не го поколеба, па така, […]

„Њујорк Тајмс“: Посетата на папата ја враќа Северна Македонија на мапата


Американски весник „Њујорк тајмс“ објави сторија за посетата на Папата Франциск на земјава со наслов „Посетата на папата ја враќа Северна Македонија на мапата.“ „Северна Македонија во вторникот доби уште еден сигнал дека речиси три децениската изолација се доближува до својот крај. Папата Францск порача дека Северна Македонија е мост меѓу Истокот и Западот, рече […]

Кривичен суд: Судењата што беа закажани за 7 мај ќе бидат презакажани за други датуми


Судските расправи што беа закажани за вчера (7 мај) во Кривичниот суд ќе бидат презакажани за други датуми, информираат од судот. -Граѓаните кои се јавуваат како странки во одредени постапки што се водат пред Кривичниот суд, или добиле било каква покана за да се јават во судот на 07.05.2019 година, што беше неработен, ќе добијат […]

Денеска средба на работните групи за Законот за јавно обвинителство


Денеска ќе се одржи средбата на работните групи за Законот за јавно обвинителство, информира на прес-конференција премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека министерката за правда Рената Дескоска се слушнала со лидерот на преговарачката група на опозициската партија. – Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што го испративме како пораки јас и г. Мицкоски, […]

САД испратија и бомбардери Б-52 на Блискиот Исток


САД соопштија дека испратиле повеќе авиони бомбардери Б-52 на Блискиот Исток како одговор на евентуален планиран напад од Иран. Во понеделникот администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го пренасочи носачот на авиони Абрахам Линколн на Блискиот Исток. Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон еден ден претходно најави дека во Персиски Залив ќе […]

Kирковски со македонски рекорд во искачување на врвот Елбрус


Македонскиот алпинист Александар Кирковски го искачи највисокиот врв во Европа, Елбрус 5.642 за 5 часа 17 минути 30 секунди и се пласира на 14 место на скај-маратонот, а овој резултат претставува воедно и македонски рекорд. На планинската трка одржана вчера на масивот Кавказ во Русија, учествуваше и Дејан Тодевски кој оствари време од 5 часа […]

Средба Заев – Палмер: Со претседателските избори државата покажа дека е зрела демократија


Успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со Европската Унија, му соопштил заменикот асистент секретар за Европа и Евро Азија во Стејт Департментот на САД, Метју Палмер на премиерот Зоран Заев на нивната средба што се одржа во пресрет на отворањето на […]

Снегот се врати на Голак


Голак османа со  релативно мала снежна покривка сепак доволно да предизвика неверување кај жителите на Делчево, кои не паметат кога последен пат паѓал снег во месец мај. Како вработен во делчевското шумско претпријатие задолжен за обиколка на теренот на планината Голак, делчевецот Славчо Георгиевски не памети кога последен пат на Голак паѓал снег во месец […]

МВР му додели признание на директорот кој го смени


Со полагање цвеќе на спомениците на загинатите припадници на полицијата и доделување благодарници на најуспешните Министерството за внатрешни работи го одбележа Денот на македонската полиција. Благодарници им беа врачени и на амбасадорите на земјите чии полициски припадници помагаат во обезбедувањето на јужната граница, но и на претставници на месната заедница Ласкарци, односно на дел од […]

Царината ќе добие опрема од британската Управа за царински работи


Царинската управа денеска ќе добие донација во опрема за помош при пребарување и проверки од Управата за царински работи и приходи на Обединетото кралство. На предавањето на донацијата во Британската амабасад во Скопје ќе се обратат Ѓоко Танасоски, директор на Царинска управа на Северна Македонија,  Дејвид Хантли, директор за меѓународни операции при Управата за царински […]

Ношпал од Тел Авив: Зелената тоалета на Тамара е долга 12 метри


Поп-ѕвездата Тамара вчера блесна во тоалета во смарагдно зелена боја на првата проба пред настапот во полуфиналето на Евросонг на 16 мај во Тел Авив, Израел. Во македонскиот евровизиски тим во Tел Авив се наоѓа и дизајнерот Александар Ношпал кој два месеци го осмислуваше изгледот на поп-ѕвездата на престижниот музички настан. -Тоалетите за Тамара за […]

Кинеска компанија го купува Политичкото училиште во Кумровец


Хрватска- Кинеската компанија „Зонгија недвижности“ му понуди на хрватското Министерство за државен имот да го купи хотелот „Загорје“, поранешното Политичко училиште во Кумровец. Од Министерството посочуваат дека наместо бараните 1,6 милион евра, тие понудиле речиси 2 милиона евра, а за понудата набргу се очекува одлука на Владата. Крапинско-загорскиот жупан Жељко Колар изјави дека понудата од […]

Отворање на македонскиот павилјон на 58. Венециско биенале


Во Венеција вечер официјално ќе биде отворен павилјонот на Република Северна Македонија со проектот на Музејот на современата уметност (МСУ) „Субверзија во црвено“ на авторката Нада Прља, во рамки на 58. Интернационална ликовна изложба која за посетители ќе биде отворена од 11 мај до 24 ноември. Проектот на МСУ и Прља беше избран за национален […]

Еден убиен, седуммина повредени во инцидентот со пукање во училиште во Денвер


САД – Едно лице е убиено, а седум се ранети, од кои неколку во критична состојба, во инцидентот со пукање во училиште во Даглас, предградие на Денвер, во сојузната американска држава Колорадо. Инцидентот се случил во Училиштето е за наука и технологија, кое се наоѓа на 40 километри јужно од Денвер. Властите соопштија дека се уапсени […]