Почнува 31. Саем на книгата


Во ВИП Арена „Борис Трајковски“ денеска од 10 часот ќе биде отворен за посетители 31. Меѓународен саем на книгата, кој ќе трае до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот. Ќе учествуваат околу 70  издавачи, а посетителите ќе може да купат книги со саемски попуст. Понудата е разновидна […]

Заев и Тевдовски на годишната средба на ЕБОР


БиХ- Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски  учествуваат на редовните годишните средби на Европската банка за обнова и развој  во Сараево. Како што најави владината прес-служба, премиерот Заев  денеска ќе учествува на церемонијата на отворање на Годишното собрание на ЕБОР, а ќе се обрати и на панелот на високо ниво на лидери […]

Пленковиќ: Ќе направиме се Северна Македонија да добие датум во јуни


Белгија – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, вели дека Хрватска ќе направи сѐ што може за да и помогне на Северна Македонија да добие датум за преговори во јуни. Пленковиќ, кој вчера попладне беше во посета на Брисел, и чија земја го презема кормилото со ЕУ од идната година, потсети дека проширувањето ќе биде високо на […]

„Маџар телеком“, „Титаник“ и „Титаник 3′ на СЈО денеска во Кривичен суд


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат судења за „Маџар телеком“, „Титаник“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот „Маџар телеком“  ќе продолжи со сведочење  на професорот Борче Давитковски. Минатото рочиште беше одложено поради здравствени проблеми на сведокот Стевица Јосифовски, а тој, по барање на обвинителката Лиле Стефанова, ќе сведочи на 19 […]

(Видео) Прва проба на Евросонг: Тамара го покажа зелениот фустан на Ношпал


Израел- Вчера, на првата проба во „Експо Тел Авив“ Тамара го откри долгиот зелен фустан и сценскиот настап пред второто полуфинале на 16 мај. Нашата евровизиска претставничка ќе има уште две проби со песната „Proud“ . Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска. Поп-ѕвездата изгледа светски во тоалетата на Ношпал која е […]

Скратената постапка му го „скрати“ притворот на Мијалков


Додека поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков правосилноста на пресудата за случајот „Титаник 2“ ја чека слободен, поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, кој беше осуден во истиот случај, останува во куќен притвор до правосилноста на пресудата. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за куќниот притвор на Мијалков постапуваше по службена […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Неколку аспекти покажуваат дека ви е потребна поголема слобода во интимниот живот: дали да останете со саканите или да појдете по сопствениот пат? Во исто време ги сакате и обете работи: за сега е најдобро да излезете и да прошетате и на тој начин ќе ја обновите својата сила и меморија. Надминете ја нервозата […]

Бр. 404


Ерол Ризов – Господ да ја благослови Северна Македонија Половина Холивуд во Версаче – Откачен црвен килим на Мет-гала Папата виде глад за добрина

(ВИДЕО) Ново чудо во Лигата на шампионите, Ливерпул со сензационална победа до финале!


Никогаш полуда сезона со повеќе пресврти во Лигата на шампионите, а овојпат ново чудо режираше Ливерпул кој успеа да го анулира поразот од 3:0 во првиот меч на „Камп Ноу“ против Барселона и на својот „Енфилд Роуд“ успеа да дојде до сензационална победа од 4:0. Барселона втора година по ред е елиминирана по победа од […]

Папа Франциск: Македонија е портата низ која Христијанството влезе во Европа


Македонија е портата преку која Христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонското тло биле првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел христовото учење, изјави вечерва поглаварот на Католичката црква, папата Франциск. На прес-конференцијата одржана за време на летот на папскиот авион од Скопје до Рим Папата истакна дека македонскиот народ има голема […]

Ослободени сите заложници во Тулуз


Сите заложници кои беа во барот-продавницата за тутун и цигари во Блањак во близината на Тулуз се ослободени, јавува дописникот на МИА. Напаѓачот кој и е познат на полицијата за кривични дела, бил уапсен на 15 февруари во рамките на движењето на „жолтите елеци“. Тој според француските медиуми истакнал дека бил „вооружена рака на жолтите […]

Бројот на смртни случаи во епидемијата на ебола во Конго се зголеми на 979


Бројот на смртни случаи во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, која се појави минатата година на крајот на јули, се зголеми на 979, јави агенцијата Анадолија. Според податоците на Министерството за здравство на Демократска Република Конго, во епидемијата која се појави во северната провинција Киву, и која се прошири во провинцијата Итури, забележани […]

Покетино предреваншот со Ајакс: Нема што да загубиме


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино верува дека неговиот тим има сили да ја израмни негативата од првиот натпревар и да го отстрани Ајакс од полуфиналето во Лигата на шампиони. Тотенхем загуби дома со 0:1 во првиот натпревар пред една недела, но Почетино ги советува своите играчи да не мислат за заостанувањето во резултатот, туку да […]

Ослободена една од четирите заложнички во Тулуз


Една од четирите жени заложнички во барот-продавница за тутун и цигари во близината на Тулуз е ослободена, јавува дописникот на МИА. Во барот остануваат уште три жени, меѓу кои сопственичката на барот и напаѓачот. Напаѓачот кој и е познат на полицијата за кривични дела, бил уапсен на 15 февруари во рамките на движењето на „жолтите […]

Премиерот Заев му подари на папата Франциск реплика од теракотна икона од Виничко кале


Премиерот Зоран Заев го испрати папата Франциск со покана повторно да ја посети нашата земја и со подарок реплика на теракотна икона од  археолошкиот локалитет Виничко кале.  На иконата е аплициран победничкиот крст на Византискиот император Велики Константин кој го легализирал Христијанството со Миланскиот Едикт од 313 година, соопшти владината прес-служба. Заев во доцните попладневни […]

Ливерпул во (не)возможна мисија во реванш полуфиналето во ЛШ


Ливерпул вечерва од 21 часот ја пречекува Барселона на култниот „Енфилд Роуд“ во обид да направи подвиг и да ја анулира негативата од 0:3 што Каталонците ја имаат по првиот меч на „Камп Ноу“ во полуфиналето во Лигата на шампиони. „Црвените“ пред една недела одиграа добар натпревар, создадоа повеќе шанси, но не ги искористија за […]

Во Парагвај околу 40.000 луѓе евакуирани поради поплави


Околу 40.000 луѓе се евакуирани поради поплави во Парагвај, соопштија властите на оваа јужноамериканска земја. Претставникот на Националната служба за вонредни ситуации Хоакин Роа рече дека повеќе од 10.000 евакуирани се во главниот град Асунсион. Другите евакуирани се распоредени ширум земјата, долж надојдената река Парагвај. Нормалниот водостој на реката Парагвај е четири метри, но сега […]

Судот пресече: Ќе се гради контроверзната Триаголна кула во Париз


Административен суд во Париз одобри изградба на првиот облакодер после 1973 година кој ќе биде лоциран во јужниот дел на Париз. Станува збор за Триаголната кула (Tour Triangle) со 41 кат која ја осмислила швајцарската компанија Херзог & де Мерон и ќе биде изградена во 15-от арондисман, јави интернет страницата „Урбан дивелопер“. Контроверзниот проект архитектите […]

Одреден терминот за полуфиналниот натпревар помеѓу Вардар и Барселона


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги соопшти термините за одигрување на натпреварте од „Фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите во Келн. Барселона и Вардар на 1 јуни (сабота) ќе играат во ударниот термин од 18:00 часот во „Ланкесес Арената“. Претходно од 15:15 часот силите ќе ги измерат Веспрем – Кјелце. На 2 јуни (недела) од […]

Заев ќе земе учество на годишната средба на ЕБОР во Сараево


Премиерот Зоран Заев ќе учествува на редовната средба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што од денеска до 9. месецов ќе се одржи во Сараево, каде заедно со другите лидери од Западен Балкан ќе дебатираат за економски и политички прашања клучни за регионот. Според најавите, освен Заев настанот со присуство ќе го поддржат […]